КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
SEINZ Logo

SEINZ. За мажи како нас.

SEINZ е висококвалитетна марка за мажи powered by dm. Со модерен дизајн, внимателно одбрани состојки и машки мирисни ноти, производите од оваа марка се совршен придружник за сите мажи кои сакаат да изгледаат добро, да бидат негувани и свежи. Тука може да најдете: освежувачки гелови за туширање, хидратантни производи за лице, дезодоранси, производи за нега на коса и брада.

Нега на лице за мажи 

SEINZ. нуди нега за лице на модерниот маж со најразлични висококвалитетни состојки како екстракти од алги, кои покрај првокласната нега, се истакнуваат и по својот силен машки мирис. Сакате да го разгалите вашето лице? Со геловите за нега околу очи и маските за хидратација ќе ги постигнете сите посакувани ефекти.  

Секогаш добро негувани со шампоните и геловите од SEINZ. 

Дали за утрински туш, после вежбање или после долг ден на работа: гелот за туширање и шампонот се неопходни придружници во бањата. Се разбира, овие основни средства се достапни и тука. SEINZ нуди избор помеѓу гелови за туширање за мажи со активен јаглен за длабинско чистење, како и производи збогатени со посебни состојки како нане или бреза. И за идеален finish во бањата: dезодоранси кои гарантираат долготрајна свежина во текот на целиот ден. 

SEINZ. Производи

Перфектен стајлинг со SEINZ. 

За многу мажи, фризурата е израз на сопствената личност. За косата да изгледа точно како што сакате, покрај машката нега на коса, нудиме и производи за стајлинг, како што се восоци или гелови за коса, кои се идеални мали помагачи. SEINZ. нуди производи за стајлинг со кои можете да ја добиете посакуваната форма на вашата коса, а притоа крајниот резултат да има прекрасна арома.  

Бричење и нега на брада 

Страсните носители на брада се исто така добредојдени кај SEINZ. Тука ќе пронајдете: тоник и масло за брада, кои ќе се погрижат брадата да биде оптимално згрижена, пријатно мека и дека секое влакненце ќе биде токму онаму, кадешто припаѓа. 

Дополнително: 

  • Сите SEINZ. производи (со исклучок на пастите за коса и гелот за миење лице) се вегански. 

  • Сите SEINZ. производи (со исклучок на гелот за бричење и хидратантниот гел) се произведени во Германија. 

  • Најголемиот дел од амбалажите (без затворачите) се од 90% рециклирани материјали.