Крај на листата
Balea med ULTRA SENSITIVE - висококвалитетни производи за нега на чувствителна кожа
Ви ја претставуваме линијата Balea med ULTRA SENSITIVE. Да видиме зошто ги преферираме овие видови на производи.
Balea med колекцијата за лице опфаќа:
- 4 креми за лице
- Млеко за чистење лице
- Гел за миење лице
Целата колекција е без парабени и бои.
Зошто е важно да одбегнувате парфеми?
Парфемите како синтетички така и есенцјални масла се вклучени во дел од составот на многумина козметички производи, кои служат да го подобрат искуството на купувачот со производот во однос на аромата. Немаат никаков бенефит за кожата, а често предизвикуваат несакани дејства како иритација на нежна и проблематична кожа.
Чистење на лице:
Без разлика дали сте нанеле во текот на денот шминка или не, двојно чистење на кожата е секогаш добредојден процес пред да легнете да спиете.
- Млеко за чистење лице се нанесува на чисти раце или пак на памучен туфер, полека и нежно со кружни движења се нанесува на лицето со тоа што ја топите шминката. Потоа се мие лицето со вториот препарат за чистење лице.
- Гелот за миење лице нежен и ефикасен, без парфеми и агресивни сулфати кои можат да го иритираат кожата на лицето. Се состои од глицерин,пантенол и бисабол, кој при нанесувањето нежно пени. Наменет е за секаов тип на кожа како и возраст,а поготово се препорачува за оние кои имаат чувствителна и нежна кожа. Може да се користи наутро, како и навечер, како втор препарат за чистење на лицето. Се нанесува на влажна кожа, нежно се масирате околу 20 секунди, а потоа исплакнете со млака вода.
Креми за лице:
- Крем за лице со З.Ф. 15, Q10 и хијалурон
Крем за нега на лице без силикони, парфеми и парабени. Q10е антиоксиданс кој ја штити кожата од слободни радикални и фотостареење. Хијалуранската киселина ѝ помага на кожата да остане хидрирана, без комедоген ефект. Кремот е најповолен како дневен крем бидејќи содржи З.Ф. кој е дополнителен антиоксидант. Може да се нанесе после серум, а потоа може да нанесете и шминка. Одгвора за секаков вид на кожа. - UREA е идеалната состојка за сува кожа, ја подобрува еластичноста на кожата, соодветна е за смирување на кожата од иритации. Кремата е наменета за сува и нежна кожа. Може да се корсити и за не толку сува кожа, но доколку моменталната состојба е таква, соодветна е да се нанесе. Се користи наутро или навечер како за секојдневна нега или по потреба.
- Ноќен крем за лице, содржи пантенол и алантоин, наменет е за нормална и комбинирана кожа, се користи навечер по нанесување на серум, препорачливо е да се нанесе на лице, како и на врат.
- Дневен крем за лице, содржи пантенол и алантоин,не содржи силикони, парфеми и масла. Одличен е за нормална, комбинирана и масна кожа.