
Нашата компанија е повеќе од само обичен работодавач
НИЕ сме тим
Нашето „НИЕ“ е она што прави разлика и во него секој вработен расте и придонесува. Без разлика дали станува збор за дрогерија или централа, нашата цел е да дејствуваме во согласност со потребите на човекот и да му обезбедиме на купувачот единствено искуство за престој во дрогериите на dm. Ова значи создавање средина во која е можен развој. Затоа постојано се подобруваме на сите полиња, од индивидуален и колективен напредок, сè до услуги и понуди, кои го следат ритамот на нашите купувачи во дрогериите.
Кај нас човекот е во центарот на работењето
Ние во dm цврсто веруваме дека економијата треба да им служи на луѓето, а не обратно. Ова е причината зошто секој ден потврдуваме дека dm дрогериите се нешто повеќе од продажба на кармини. Без разлика дали сте купувач, партнер или вработен.
Додека напредува секој вработен, напредува и компанијата
Во нашето работење, ние сме водени од ставот дека компанијата расте сè додека напредуваат вработените. Затоа, секогаш сме ја доживувале нивната посебност како можност да научиме заедно со размена на различни знаења, идеи и способности. За ова е потребно време кое не треба да се скратува, бидејќи крајниот резултат на тој процес е довербата што ја имаме едни кон други. Потоа доаѓаат најдобрите решенија.
Зошто dm е еден од најпосакуваните работодавци?
Принципот дека компанијата постои заради луѓето, а не обратно, за вработените значи низа придобивки кои го издвојуваат dm на пазарот на трудот. Атрактивни плати, 14 плати во текот на годината, разни активности насочени кон зачувување и подобрување на здравјето, курсеви и образование се само дел од придобивките што им се даваат на вработените во најголемиот ланец на дрогерии во Европа.