БРЗО И ЛЕСНО ДО БАЛАНСИРАН ОБРОК
Која диета е најдобра и како полесно да дојдам до правилна исхрана?
Нема една диета којашто оптимално ќе одговара на сите, бидејќи секој еден од нас има различно ниво на активност во денот, различни цели, вредности, распоред, можности и буџет.
Тоа е всушност добра вест бидејќи со малку експериментирање може да се создаде персонализиран план на исхрана кој ќе одговара на вашите потреби и лесно може да стане ваше секојдневие и стил на живот.
Правилното јадење е полесно и поедноставно од тоа што вие мислите, а можеби и се плашите да почнете. Всушност сите популарни диети имаат повеќе заеднички работи, отколку различности.
Ќе пробам накратко да ви претставам едноставен систем кој лесно може да го вклопите во вашето секојдневие, без временски ограничувања и без конкретизирање на намирници, како сами да си направите комбинација на балансирана порција со тоа што вие сакате да јадете.
Не е единствен начин, но досега се покажал многу успешен особено за секој еден што не знае од каде да започне.
dm дрогерие маркт
Време за читање 3 Мин.
•
1/2/2024
ОСНОВИ НА ИСХРАНА
Кога е исхраната во прашање, речиси сите знаеме што треба да внесуваме, но ректо кој од нас тоа го практикува. Во продолжение можете да прочитате неколку „водилки“ при изборот на исхрана:
- Изберете непроцесирана храна
- Доволна количина на квалитетен протеин
- Внесете доволно зеленчук
- Изберете нутритивно богата храна
- Јадете бавно додека не сте најадени
Броење на калории
Броењето калории ако се прави правилно функционира, но од друга страна не е едноставно секој да го практикува. Затоа, ви препорачувам полесен начин да ја внесете оптималната количина на протеини, јаглехидрати и масти со секој оброк.
Извори на протеини:
- Јајца
- Белки од јајца
- Пилешко месо
- Мисиркино месо
- Телешко месо
- Чисто свинско месо
- Тофу
- Урда и cottage cheese
- Грчки јогурт со ниска масленост
Протеин во прашок препорачувам да се користи како суплемент доколку преку храна не може доволно да внесете протеини, но да биде последен избор во денот.
Мешунките се особено важни за вегани. Иако тие во својот состав содржат повеќе од 50% јаглехидрати, но се одличен извор на растителен протеин.
Извори на јаглехидрати:
- Мешунки
- Овошје
- Компир
- Леб
- Паста
- Житарки (ориз, овес, пченка, јачмен, просо, јачменови снегулки, хељда, амарант, киноа)
Извори на масти:
- Јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници...)
- Семки (сончоглед, тиква, лен, чиа, сусам)
- Маслинки
- Ладно цедени масла
- Авокадо
- Сланина
- Сирење
- Путер од јатки
Пример за како да направите совршено балансиран оброк:
1 дланка протеин, одберте нешто:
- 100 г месо или тофу
- едно пакување грчки јогурт со ниска масленост (урда или cottage cheese)
- 3 јајца
1 тупаница зеленчук, одберете или искомбинирајте:
- спанаќ, морков, карфиол, пиперка
1 полузатворена дланка јаглехидрати, одберете:
100 г варен ориз
варени мешунки
варен овес
компир
овошје
1 палец масти, одберете:
1 лажица масло
1 лажица путер од јатки
мало парче сирење