Спречете ја настинката
Конечно дојде пријатниот зимски период, придружен со свеќи и вкусни топли пијалаци. Дали сакате да ја поминете зимата без чувство на гребење во грлото и течење на носот? Во овој текст прочитајте ги нашите совети како да спречите настинка и да ја поддржите правилната функција на вашиот имунолошки систем.

dm дрогерие маркт
Време за читање 6 Мин.
•
1/14/2025

Минатата ноќ поминавте уште една пријатна вечер со вашите пријателки, но денес грлото ви е грубо и ви тече носот. Некој ве заразил и сега повторно сте настинати! Луѓето кои се склони на настинки, студените годишни времиња често ги поминуваат со шмркање и кашлање. Но постојат различни начини како да спречите настинка и всушност да поминете поудобно за време на зимските месеци кога владее пријатна празнична атмосфера.
Спречете настинка со правилна хигиена
Настинката обично ја предизвикуваат риновируси, а се пренесуваат преку капки или допир. Ако сакате да спречите настинка, избегнувањето на таков пренос е првиот и најважен чекор. Ако вирусите не влезат во вашето тело, не можете да се разболите.
Најважните совети за зимска хигиена:
Почесто мијте ги рацете: така ќе ги измиете вирусите кои се пренесуваат при допир со кваките на вратите или при ракување.
Користете средства за дезинфекција кога не можете да ги измиете рацете, на пример, во јавниот превоз.
Обидете се што помалку да го допирате лицето. Ако почнете да обрнувате внимание на тоа, ќе забележите колку често ги триеме очите и го чешаме носот. Бидете добар пример: оддалечете се од луѓето со кои разговарате кога треба да кивнете или да се закашлате. Ставете го лицето во свитокот на раката за да не се шират причинителите на болести преку воздухот при дишење и кивање. Што повеќе луѓе почнат да се однесуваат така, толку полесно ќе биде за сите да избегнат настинка во зимскиот период.
Зајакнување на имунитетот
Имунитетот е како полиција во нашиот организам која во идеален случај ги неутрализира непосакуваните напаѓачи, како вирусите. Ако сакате да спречите настинка, треба да го зајакнете имунитетот во зима. Така вирусите на настинката можат побрзо и поефикасно да се неутрализираат.
Еве неколку совети како да го зајакнете имунитетот:
Престојувајте на свеж воздух: движењето и дневната светлина имаат благотворен ефект и позитивно влијаат на доброто расположение. Длабоко вдишете, бидејќи зимскиот воздух надвор ги одржува вашите слузници влажни, што ги прави помалку чувствителни на патогени.
Во затворени простории поттикнувајте здрава климатизација, бидејќи сувиот воздух поради греењето ги оштетува слузниците. Препорака: на радијаторот ставете чаша вода со малку освежувач на просторот. Така ја зголемувате влажноста на воздухот, а вашиот омилен мирис го зголемува пријатното расположение.
Внимавајте на исхраната која содржи овошје и зеленчук богати со витамини. Во зима, пред сè, витаминот Ц може да го зајакне имунитетот. За време на зимските месеци, кога деновите се пократки, многу луѓе имаат недостаток на витамин Д кој се создава на кожата при изложеност на сончева светлина. Во вакви случаи помагаат соодветни суплементи.
Редовно посетувајте сауна, а дома применувајте наизменично туширање со топла и ладна вода. Брзата промена на топла и ладна вода ги прави крвните садови еластични и ја поттикнува циркулацијата. Од таквата пракса ќе профитира имунитетот. Уште еден совет: имунитетот страда кога ви студи, бидејќи тогаш организмот е целосно окупиран со регулирање на температурата. Топлината може многу да помогне ако сакате да спречите настинка. Кога излегувате од дома, облечете дебели чорапи, топла долна облека и добро се обвијте се со мек шал. Не заборавајте ја капата, бидејќи голем дел од телесната температура ја губиме во пределот на главата.
Опуштете се во стресни ситуации
Стресот е еден од најголемите непријатели на имунитетот. Посветете големо внимание на грижата за себе за време на зимата ако сакате да избегнете настинка. Токму предбожиќното време е обележано со брзање и напнатост. Од време на време направете пауза така што ќе си дозволите, на пример, долга, релаксирачка бања со романтични свеќи или вечер помината на каучот со какао или чај со фантастичен мирис и некој ваш омилен филм. Дозволете си професионална масажа или некој козметички третман или, пак, планирајте одмор на кој се радувате. Сите тие работи придонесуваат за опуштање и намалување на стресот.
Спречете го почетокот на настинката
Може ли да се спречи почетокот на настинката? Па, не баш. Но можете да направите нешто за да го ослободите вашиот имунитет од вирусите кои сепак влегле во него, и тоа што е можно побрзо. Многу е важно да се одмарате! Обидете се да спиете најмалку осум часа дневно и не двоумете се да откажувате состаноци. Исто така е важно да внесувате многу течности кои ги одржуваат слузниците влажни и придонесуваат за испирање на патогените од организмот. Препорачливо е да јадете хранливи супи, како добрата стара пилешка супа која секогаш може да се дава како поддршка на организмот во опоравувањето од настинка. Таблетите за цицање и спрејот за грло се дополнителен начин како да ги навлажнувате слузниците и да го снабдувате телото со дополнителни витамини и хранливи материи. Многу од нив содржат благотворни лековити билки, како камилица, трпутец и жалфија кои со векови се нудат како природни помагачи при настинки. Ако симптомите на настинката не се повлечат за неколку дена или ако се влошат, побарајте совет од лекар кој ќе утврди дали навистина станува збор за настинка или можеби за грип или други сериозни инфекции кои треба да се лекуваат со лекови.
