Останете здрави за време на зимата
Во канцеларијата се шири бран на настинки и за вас речиси да пропадна концертот на кој се радувавте со недели. Но силниот имунитет и мерките на претпазливост кои ги презедовте, ви помогнаа да не се заразите. Во овој текст прочитајте како да го сведете на минимум ризикот од настинки и слични инфекции и да останете здрави за време на зимата!

Спречете настинки и инфекции
Најголемата опасност од бројните вируси се јавува во зима кога се појавуваат настинки и други инфекции, како грип (инфлуенца). Бидејќи не можеме целосно да ги избегнеме, постојат различни мерки на претпазливост кои ќе ве одржат здрави за време на зимата и ќе го намалат бројот на инфекции колку што е можно:
Редовно мијте ги рацете, бидејќи причинителите на болести често се пренесуваат преку допир со заразени површини (на пример, допирање на кваките на вратите).
Користете средства за дезинфекција на рацете ако не можете да ги измиете рацете (на пример, во јавниот превоз или по користење на колички во супермаркетите).
Избегнувајте да го допирате лицето со раце, бидејќи така можете да ги пренесете причинителите на болести на слузниците.
Бидете добар пример и секогаш кога треба да кивнете или да кашлате, ставете го лицето во внатрешниот дел на лактот. Така ќе избегнете ширење на вирусите преку воздухот или, пак, задржување на вашите раце од каде што можат понатаму да се шират. Така придонесувате и другите да ја поминат зимата здрави.
Успешно изборете се против настинка
Настинките не можат секогаш да се избегнат. Ако сте настинати, тогаш задолжително треба да одмарате за вашиот имунитет целосно да се фокусира на борбата против причинителите. Пријавете на работа дека сте болни и удобно сместете се на каучот.
Еве неколку совети како брзо да закрепнете:
Пијте многу течности, на пример, чаеви од лековити билки, за слузниците да ви останат влажни и за да ги исфрлите бактериите од вашето тело.
Јадете хранливи, лесно сварливи супи, особено добро познатата пилешка супа која е докажано средство против настинка.
Поддржете го организмот со внесување дополнителни витамини.
Внимавајте да сте на топло за да не го ослабнете дополнително организмот со изложување на студ: дебели чорапи, удобна ќебе и термофор можат да ви помогнат.
И стресот го оптоварува имунитетот. Одвојте време за грижа за себе. Дозволете си бањи со пријатни билки во кои ќе се одморите и кои ги ослободуваат дишните патишта, а особено си дозволете онолку сон колку што ви е потребно!
Зајакнување на имунитетот
Вашите внатрешни одбранбени сили се најдобрата заштита од инфекции во зима. Токму на почетокот на зимската сезона треба да го зајакнете вашиот имунитет за да се заштитите од причинителите на болести во текот на целата година. Важен елемент е здрава, одмерена исхрана која го снабдува организмот со сите важни витамини и минерали. Проверете го со лекарите нивото на хранливи материи во организмот ако постојано се чувствувате исцрпено или ако сте многу подложни на настинки. Многу жени не знаат дека поради менструацијата имаат висок ризик од недостаток на железо во организмот. Спортот и движењето се исто така добри за имунитетот, бидејќи ја поттикнуваат циркулацијата и лачењето на допамин (т.н. хормон на среќата). Ако не сакате да одите на тренинзи, многу спортови, како што е, на пример, јога, можете да ги вежбате и дома. Можеби би сакале да пробате нешто ново. Можеби курс за танци?
Совети против зимскиот блус
Мислете на тоа дека за време на зимата треба да го зачувате и вашето ментално здравје. Долгите периоди на темнина и мрачното време брзо се одразуваат на нашето расположение. Потиштеноста типична за ова годишно време е позната како зимски блус. Против неа помага светлината.
обидете се секојдневно да одите на прошетки при дневна светлина.
планирајте активности за викендите, како прошетки или скијање.
дома користете светилка.
разбудете се, танцувајќи или пеејќи со омилената музика (или и двете!). Колку што е можно повеќе, спријателете се со темнината: радувајте се на пријатните вечери со топло чоколадо и пријатен оган од камин и добар филм или, пак, со омилената личност планирајте пријатно помината вечер. Меѓусебно дозволете си мирисна и пријатна масажа или пак згответе си нешто убаво.