КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Body Positivity

Совршена кожа, совршена коса, совршена фигура - секој ден се соочуваме со фотографии и видеа кои прикажуваат претстава за прекрасно и идеално тело. Но, како што сите знаеме, реалноста без филтри изгледа различно и тоа е добро. Позитивноста на телото ја прекинува нереалната идеалност на убавината и се залага за позитивен став кон сопственото тело.

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 5 Мин.

6/4/2024

dm

Што е Body Positivity?

Секој треба да се чувствува комфорно и да го прифати своето тело, какво и да е тоа - тоа е барањето на движењето Body Positivity. Трендот доаѓа од САД и е силна противтежа на совршениот свет на социјалните медиуми. Под хаштагот #bodypositivity на популарните социјални медиуми има милиони објави: жени и мажи се прикажуваат без шминка, со брчки, влакна на нозете или рацете, со целулит, стрии од бременост и маснотии во пределот на стомакот  - едноставно, како што изгледаат телата.

Важно: Иако движењето Body Positivity главно стана популарно преку жените, тоа е значајно и за мажите. Иако сѐ уште се воздржуваат од изразување на солидарност и тие страдаат од идеалите за убавина.

Шест централни цели на Body Positivity:  

  • Самољубов, односно самоприфаќање 
  • Смелост за различност  
  • Рушење на нереалните идеали за убавина  
  • Поддршка на разновидноста  
  • Засилување на самопочитта  
  • Борба против дискриминација

Разлика помеѓу Body Positivity и Прифаќање на телото

Критичарите зборуваат дека телото  независно од  Body Positivity  е во центарот на вниманието. Многу луѓе го сметаат за премногу барањето за безусловна самољубов. Не секој мора безусловно да го сака своето тело и да го "слави". Тука, концептот на неутралност  или прифаќање на телото влегува во игра,целта е да се најде неутрален однос кон сопственото тело и човекот да не се дефинира само преку него. Повеќе фокус треба да е на она што телото може да го направи. Нашето тело е повеќе од само форма, тоа е инструмент кој ни овозможува да го почувствуваме светот и да го искористиме целиот наш потенцијал. Тоа му припаѓа на човекот и треба да биде почитувано - од себе си, но и од другите.

Здрава слика за телото

Опседнатоста со  слабеењето и дебелеењето - се две екстремни состојби кои му  штетат на здравјето. Исто така, постојаното усовршување на сопственото тело преку козметички операции, прекумерно вежбање или непотребна употреба на производи за убавина, како што се  anti-aging креми за тинејџери, може да предизвика трајни штети на телото. Совршените тела во светот на социјалните медиуми предизвикуваат незадоволство од себеси. Ова може да предизвика психички притисок и на крајот да заврши со депресија.

Затоа, првенствено треба да се има здрава слика за телото. Оние кои не се задоволни со своето тело и сакаат да симнат неколку килограми, може да го направат тоа како и оние кои се екстремно слаби треба да бидат свесни дека тоа штети на здравјето на долг рок. Телото ни испраќа сигнали за тревога кога нешто не е во ред, затоа треба да се биде внимателен  и да се дејствува соодветно.

Здрава перцепција на телото: 6 совети

Обидете се да имате неутрален и спокоен поглед кон своето тело преку следниве стратегии: 

  • Не дефинирајте луѓе според нивниот изглед, ниту пак себеси: Телото постојано се менува. Она што вистински има значење е вашата личност и вашето однесување.
  • Не се споредувајте постојано со другите.Секој е различен. Секој има свои силни и слаби страни.  
  • Опкружете се со позитивни луѓе. Сретнете се со пријатели и роднини и намалете го времето што го поминувате на социјалните медиуми.
  • Не верувајте на фотографиите и видеата на социјалните медиуми. Сите знаеме како се создаваат овие совршени слики, колку филтри и програми се употребуваат при изработката.  
  • Редовно медитирајте. Медитацијата може позитивно да влијае на човековата психа. На тој начин се смирувате, станувате поспокојни и се поврзувате со себеси. Исто така, медитацијата помага да се отфрлат  негативните мисли и чувства.  
  • Tелото не треба да ја има главната улога во вашиот "филм". Телото е само еден аспект од нашето постоење. Многу поголемо значење има тоа што  чувствуваме, како реагираме  и што  нè прави посебни.

За многу млади луѓе, кои живеат исклучиво онлајн, тешко им е да се откажат од наметнатите идеали за убавина. Ако психичкиот притисок стане преголем, треба да побарате помош од соодветни советодавни центри или од вашиот лекар. Затоа што постојаното незадоволство со своето тело прави неисполнети личности. Неутралната перцепција на телото пак го насочува погледот кон суштинското во човекот.