КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Лековити билки за жени

Жените се вистински хероини на секојдневниот живот. Сепак, и на секоја хероина одвреме-навреме ѝ треба одмор: без разлика дали се работи за симптоми на ПМС, менструални грчеви, мачнини за време на бременоста или топлински бранови - понекогаш е важно да одвоите време за себе, да се исклучите, да го слушате своето тело и да направите нешто добро за себе. Во тоа ве поддржуваат лековитите билки за жени.

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 7 Мин.

1/2/2024

Frau mit Kräutern

Лековити растенија за жени: Моќта на природата

Постојат фази во кои би сакале повеќе рамнотежа и енергија: Хормоните и чувствата влијаат на нашата благосостојба, а стресот и секојдневниот товар се особено забележливи.

Во овие времиња, важно е целосно да се прифатиме и да имаме на ум дека ние жените секогаш се наоѓаме во природен циклус: периодите на работа се проследени со моменти на одмор - и тоа треба свесно да си го дозволите.

Зајакнување на здравјето на жените - со лековити билки за жени

Мајката природа ве поддржува со нејзината исконска моќ, која ја става во секое нежно растение, во моментите кога паузирате и ги полните батериите. Грижливо набрани, внимателно обработени и подготвени во вистинска доза и во форма на чај од лековити растенија, скапоцените билки го откриваат својот целосен потенцијал - многу од нив специјално за жените.

Против многу женски страдања израснала по една билка

Без разлика дали се лековити растенија за мачнини при бременост, ПМС или стомачни грчеви - природата нè дарува со бројни билки и лековити растенија:

  • Виракот и ајдучката трева се меѓу најпознатите билки за жени. На обете им се припишува хармонизирачко дејство. Тие можат на многу начини позитивно да влијаат на женскиот циклус.
  • И листовите од малина имаат регулаторни својства и можат да му помогнат на телото да се подготви за породување, особено кон крајот на бременоста.
  • Копривата, која е богата со минерали, особено се препорачува при задршка на течности. Генерално, на чајот од коприва му се припишува зајакнувачко дејство врз жените. Освен тоа, ова растение се вбројува и меѓу билките за плодност кај жените.
  • Во многу мешавини за женски чаеви се наоѓа и маточината. Таа помага за зајакнување на циркулацијата, ублажување на главоболките и смирување на чувствителниот стомак и немирниот ум.
  • Не треба да се заборават и црвената детелина, кантарионот и русомачата (овчарска торбичка), бидејќи овие лековити растенија ги поддржуваат жените и за време на нивниот природен циклус.

Спречете ги можните тегоби правовремено и направете пауза одвреме-навреме - со мирисна шолја женски чај.

6 совети за жени: Билки за секоја здравствена состојба

Паузирајте на кратко, почестете се со момент на одмор и испијте шолја чај. Овде собравме билни и женски чаеви за вас, кои ќе ви дадат поддршка во најразлични животни ситуации.

Имајте предвид дека ова се само препораки, дејството на секоја од овие билки не е докажано од конвенционалната медицина. Препорачлива е претходна консултација со лекар од доверба – особено ако сте бремени.

ПМС: Лековити билки за жени за поголема урамнотеженост

Промена на расположението, главоболки, замор, задршка на течности, раздразливост - многу жени страдаат од различни тегоби пред менструацијата кои го попречуваат секојдневниот живот. Тоа е познато како ПМС. Покрај намалувањето на стресот, редовните паузи и урамнотежена исхрана, индивидуално искомбинирана мешавина од билни чаеви направена од црвена детелина, вирак, ајдучка трева, кантарион и коприва може да помогне да се олеснат деновите пред циклусот.

Менструација: Женски чаеви за да се чувствувате подобро

Топлиот чај делува релаксирачки и може совршено да се примени и за менструални болки и грчеви. Удобно ќебе, шише со топла вода и чај од цветови од камилица, вирак, ајдучка трева и петопрст може да ја олеснат непријатната болка и да ги ублажат грчевите. Ако менструалниот период е особено тежок или долг, русомачата се покажува како ефикасен помошник.

Циститис: Кои лековити билки им помагаат на жените

При инфекција на мочниот меур треба многу да внесувате течности, најдобро вода и чај. Покрај третманот со лекови, може да биде од голема помош ако му дадете шанса на лекувањето со природни методи. Специјална мешавина за чај за бешика од лековити билки како што се екстракти од листови од бреза, златица, коприва или коњско опавче може позитивно да влијае на излачувањето и ублажувањето на симптомите.

Бременост: Женски лековити билки против мачнина

Веќе на почетокот на бременоста е важно да знаете кои чаеви смеат да се пијат - бидејќи на многу мешавини од билки им се припишува благо стимулирачки ефект врз контракциите. На пример, чаевите од камилица, маточина и нане можат да ги намалат зачестените тегоби во почетокот на бременоста, како што се гадење или повраќање. Во случај на задршка на течности се препорачуваат билни чаеви од листови од бреза, коприва или ајдучка трева. За последната фаза од бременоста, многу бабици го препорачуваат релаксирачкото дејство на чајот од листовите од малина врз матката и мускулното ткиво.

Совет: Задолжително разговарајте со вашата бабица или лекар за тоа кои чаеви смеете да ги пиете со чиста совест за време на бременоста.

Пубертет: Како чајот може да помогне против нечистата кожа?

Флеки, мозолчиња и акни се појавуваат кај многу млади девојки за време на пубертетот. И тука може да помогне чајот: но не како пијалак, туку се користи како маска, парна бања или пилинг. Комбинацијата на чаеви од нане, камилица или коприва може да ѝ помогне на кожата склона кон флеки да се регенерира, да ја подобри циркулацијата на крвта и да има смирувачки ефект врз воспаленијата.

Менопауза: Во мирувањето лежи силата

Менопаузата е природен и важен процес во животот на жената, но може да донесе и некои непријатни состојби. Симптомите на менопаузата како што се топлински бранови, несоница, промени во расположението и зголемување на телесната тежина придонесуваат да многу жени најрадо само би ја прескокнале менопаузата. Лековитите билки за жени како русомача, црвена детелина, вирак. ајдучка трева, рузмарин и имела се скапоцени придружници за време на менопаузата. Кантарионот и маточината исто така можат да имаат смирувачко дејство врз нарушувањата на спиењето и немирот. Ако страдате од сериозни напади на потење, треба редовно да пиете чај од жалфија.

Лековити билки во dm - моќта на природата за вашиот дом

Без разлика дали станува збор за менструални проблеми, утрински мачнини при бременоста или топлински бранови за време на менопаузата - имајте го вистинскиот женски чај подготвен за секоја непријатност.

Одвојте малку време при следната посета на вашата омилена dm дрогерија и откријте го широкиот избор на корисни женски чаеви. Сигурни сме дека вистинската чајна мешавина за вас е веќе на нашите полици!

  1. dmBio

    чај од ѓумбир и анасон, 20 ќесички

  2. GOOD NATURE

    чај од брусница, 100 г

  3. dmBio

    чај од рузмарин и мајчина душица, 20 ќесички

  4. Mivolis

    чај од билки со витамин Ц, 25 ќесички

  5. dmBio

    чај од ѓумбир, 20 ќесички

  6. YOGI TEA

    чај од билки за жени, 17 ќесички

  7. Mivolis

    чај од билки за жени, 25 ќесички

  8. GOOD NATURE

    чај од камилица, 20 ќесички

Крај на листата