КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Топлотни бранови во текот на ноќта: Што да направите?

Дали се будите ноќе од топлотни бранови и со капки пот на челото и градите? Не грижете се, ако поминувате низ менопауза, тоа е еден од најчестите симптоми на оваа фаза од животот. Но, не мора трпеливо да се мачите со ноќното потење. Дознајте кај нас што можете да направите во врска со тоа.

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 6 Мин.

1/2/2024

Frau sonnt sich

Менопауза и ноќно потење

Топли бранови се јавуваат кај секоја втора жена за време на менопаузата: некои го добиваат бранот топлина повеќепати на ден, други страдаат од непријатно зголемената топлина само повремено. Телото не го интересира кое време од денот е: Топли бранови се јавуваат и дење и ноќе. Додека во текот на денот реагираме бурно, ја тргаме облеката од телото или бараме брз начин да се оладиме, ноќе обично се будиме дури кога сме целосно испотени. Затоа, овој симптом на менопаузата се нарекува ноќно потење.

Причина за топлотни бранови

Причината за здодевното потење сè уште не е научно разјаснета. Намаленото производство на естроген е веројатната причина поради која на периоди се нарушува регулирањето на телесната температура во мозокот. Производството на женскиот полов хормон рапидно се намалува за време на менопаузата. Несакан ефект од ова е што хормоните на стрес адреналин и норадреналин растат до небо - и предизвикуваат топлотни бранови, пред сè ноќе. Но, не грижете се: вашето тело ќе се навикне на промената на нивото на хормоните и топлотните бранови ќе поминат со текот на времето.

Ноќни топлотни бранови и несоница

Топлотните бранови во текот на ноќта имаат значително влијание врз сонот: Многу жени се будат облеани во пот. Потоа мораат да ја сменат облеката, а често дури и постелнината. По сето тоа вие сте веќе расонети и тешко ви е повторно да заспиете.

Со тек на времето, ноќното потење доведува до нарушувања на спиењето, што пак може да доведе до симптоми како што се премор, промени во расположението и проблеми со концентрацијата.

Топлотни бранови во текот на ноќта - што помага?

Ако страдате од топли бранови и ноќно потење во текот на ноќта, дефинитивно треба да направите нешто околу тоа. Следниве совети можат да ги намалат или направат вашите ноќни топли бранови поподносливи:

Носете облека што дише

Одете на спиење само во облека и постелнина изработени од материјали што дишат. Тука спаѓаат природни материјали како памук и лен. Двата текстила ја отстрануваат влагата од телото, многу впиваат и се чувствуваат пријатно на кожата, дури и кога се потите. Затоа, секогаш имајте до креветот резервен сет за пресоблекување, како би можеле во итен случај да имате сè при рака и веднаш да продолжите да спиете.

Избегнувајте алкохол и кафе

Консумацијата на алкохол може да ги зголеми топлотните бранови за време на менопаузата: Ги проширува крвните садови. Ова ја загрева кожата, што субјективно се доживува како топлотен бран. Кофеинот исто така може да биде причина за жештина. Покрај тоа, има и негативен ефект врз спиењето. Сличен ефект има и црниот чај. Обидете се да ги откажете алкохолот и кафето односно чајот од време на време или барем да ги намалите во периодот на ноќните топлотни бранови.

Здрава и балансирана исхрана

Симптомите на менопаузата како што се ноќно потење, топлotnи бранови и нарушувања на спиењето може значително да се намалат преку здрава исхрана. Фитохормоните кои се наоѓаат во мешунките, салатата и зеленчукот можат да го имитираат дејството на естрогенот и да ги ублажат симптомите поврзани со недостаток на естроген.

Многу движење на отворено

Редовното движење на свеж воздух може позитивно да влијае и на топлотните бранови. Жените кои спортуваат помалку страдаат од топлотни бранови, а и тие ќе бидат со помал интензитет. Спортувањето го стабилизира вегетативниот нервен систем и ја тренира регулацијата на топлина во мозокот. Така телото „учи“ да се загрева само кога се напрегате.

Лековити билки и лекови базирани на растенија

На одредени лековити растенија им се припишува антиперспиративно дејство. Такви се жалфијата, нането и маточината. Обидете се да пиете неколку шолји чај во текот на денот, тоа би можело да го спречи ноќното потење. Сега има и голем избор на хербални лекови за симптоми на менопауза во форма на таблети или капки. Тие често содржат лековити растенија како што се витекс, пасифлора, валеријана или кантарион. Се смета дека имаат смирувачки и балансирачки ефект.

Техники за опуштање

Најдете време за себе и обидете се редовно да се опуштате. Стресот поттикнува топлотни бранови. Техниките за опуштање и медитација, како јога, автоген тренинг или пилатес можат ви да помогнат во тоа. Но, дури и малите паузи како прошетка, посета на кино или средба со пријателите придонесуваат за релаксација и рамнотежа.

Посета на сауна

Најпрво изгледа малку контрадикторно тоа дека токму посетата на сауна може да помогне при топлотни бранови. Но, вреди да се обидете: Редовното одење во сауна му помага на телото да ја регулира температурата и може да доведе до многу поретко настапување на топлотни бранови и ноќно потење за време на менопаузата.

Хормонска терапија за менопауза

Ако се будите препотени секоја ноќ, имате проблем да заспиете и чувствувате топли бранови и во текот на денот, треба да разговарате со вашиот лекар за тоа. Ако домашните лекови како горенаведените не помагаат, тој можеби ќе ви препорача хормонска терапија за менопауза.

Менопауза и топлотни бранови во текот на ноќта

Топлотните бранови не се секогаш поради менопаузата. Најдобро е да разјасните со вашиот лекар дали имате некоја болест како што е дијабетес или хиперактивна тироидна жлезда. Исто така, треба да ги проверите и лековите што ги земате дали имаат интеракции помеѓу нив, што евентуално би довело до ноќни топлотни бранови.

Но, ако е јасно дека се работи за менопауза: Опуштете се. Со правилна исхрана и неколку едноставни трикови, можете мирно да ги прифатите симптомите. Штом вашето тело ќе се навикне на хормоналните промени, ноќните топлотни бранови сами ќе исчезнат.

  1. Franck

    Calm чај, 20/1

  2. Mivolis

    чај од камилица, 25/1

  3. dmBio

    чај од лимонова трева, 20/1

  4. dmBio

    чај од рузмарин и мајчина душица, 20/1

  5. dmBio

    чај о длимонова трева, 20/1

Крај на листата