КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Вагинален исцедок кај жените: Совети

Вагиналниот исцедок е тема на која што ретко се зборува, додека истиот не само што ги исполнува основните физички функции, туку дава и важни информации за статусот на менструалниот циклус и рано укажува на можни болести преку бојата и конзистентноста. Запознајте го вашето тело – дознајте повеќе за видовите вагинален исцедок и што тие ви кажуваат.

dm

Што е вагинален исцедок?

Вагиналниот исцедок е нормална телесна функција кај жените. Создавањето на секрет во вагината е исто толку природно како и формирањето плунка. 

Вагиналниот исцедок, медицински наречен Fluor vaginalis, е мешавина од супстанци кои се формираат во областа на внатрешните генитални органи. Се состои од вода (капиларна течност), секретирани ткивни клетки, секрети на жлезди од грлото на матката и микроби од вагиналната флора. Последно набројаните се суштински корисни бактерии на млечна киселина кои обезбедуваат Ph вредноста на исцедокот кај жените да биде помеѓу 3,8 и 4,4 така што е во „киселата‘‘ област. Просечната дневна стапка на вагинален исцедок кај жените е околу пет милилитри. Меѓутоа во зависност од фазата на менструалниот циклус, неговиот состав и pH вредноста се менуваат – повеќе за тоа за кратко. 

Функција на вагиналниот исцедок 

Вагиналниот исцедок ја стабилизира деликатната микробна рамнотежа на вагиналната флора, а исто така служи за заштита на половите органи и имунолошкиот систем – сепак вагината, како телесен отвор на телото е често подложна на влијанија од околината. Токму затоа слузот служи како природна заштита од патогени или нечистотии.

За време на сексуалното возбудување, се зголемува активноста на жлездите и дополнителна течност влегува во вагиналниот секрет. Ова го обезбедува неопходното „подмачкување‘‘ за време на сексуалниот однос и ја води спермата до матката. 

Вагинален исцедок за време на менструален циклус 

Вагиналниот исцедок дава важни информации за плодноста, бидејќи количината и конзистентноста се менуваат во текот на женскиот циклус. Во време на овулација (околу средината на менструалниот циклус) има поголемо количество на вагинални секрети кои исто така стануваат поводени. Дополнително „водениот‘‘ исцедок по овулацијата укажува на поголема шанса за бременост. 

Ова го пoттикнуваат јајничните хормони гестаген и естроген. Тие ги стимулираат жлездите во цервикалниот канал да произведуваат течност. Притоа, степенот на киселост се менува во неутрална област (pH вредност 7) за да привлече сперматозоиди кои се исто така pH неутрални. Поради зголемената содржина на течност, исцедокот станува по проѕирен. Непосредно пред почетокот на менструацијата, исцедокот кај жената може да ги содржи првите отфрлени клетки на слузницата на матката, што доведува до позаматена боја.

Вагинален исцедок пред менструација? 

Предменструалниот исцедок се нарекува и „бел исцедок‘‘ и се јавува кај млади девојчиња, околу година до две пред пубертетот, што значи дека белиот исцедок е присутен во женското тело и пред првата менструација. За младите девојки да не бидат загрижени или вознемирени, вие како родители треба навреме да разговарате на оваа тема со вашата ќерка. 

Ова го пoттикнуваат јајничните хормони гестаген и естроген. Тие ги стимулираат жлездите во цервикалниот канал да произведуваат течност. Притоа, степенот на киселост се менува во неутрална област (pH вредност 7) за да привлече сперматозоиди кои се исто така pH неутрални. Поради зголемената содржина на течност, исцедокот станува по проѕирен. Непосредно пред почетокот на менструацијата, исцедокот кај жената може да ги содржи првите отфрлени клетки на слузницата на матката, што доведува до позаматена боја.

Толкување на секретот 

Како што е наведено погоре, бојата на секретот се менува како што циклусот напредува. Дури и по бременоста, исцедокот кај жените првично е светло-црвен и се менува во текот на неколку недели (оттука и терминот „неделен исцедок‘‘), од кафеав, жолтеникав, до проѕирен, па повторно во бел. Овој „градиент на боја‘‘ е поврзан со процесот на заздравување на матката по породувањето. 

Добро е да се знае: Факторите како стрес, лекови, бременост или менопауза, исто така можат да доведат до промени во вагиналниот исцедок. Доколку во нешто не сте сигурни, треба да се обратите до гинеколог. 

Што значи бел исцедок?

Под „вообичаена состојба‘‘ се подразбира стаклено-проѕирен или кремаст, бел исцедок. Жените сепак треба да внимаваат на белиот исцедок, доколку приметат дека има чуден мирис или ја менува конзистентноста. 

  • Трошкаст исцедок може да укажува на габична инфекција 

  • Сиво-белиот исцедок пак, укажува на можни бактериски заболувања 

  • Исцедок со мирис на „риба‘‘ може да биде показател за вагинална инфекција 

  • „Мирисот на квасец‘‘ во комбинација со чешање е показател за присутни габи во вагината 

  • Вискозниот белузлаво-млечен исцедок може да биде резултат на разни венерични болести доколку чувствувате болка. 

Што значи жолт исцедок?

Жолтиот вагинален исцедок секогаш треба внимателно да се следи, особено ако се присутни симптоми како што се чешање или печење. Жолтеникавата боја често е показател дека во телото се случува автоимуна реакција, како што е сузбивање на воспалението. Жолтата или понекогаш зеленикавата боја е предизвикана од леукоцити (бели крвни зрнца). Можни причини за жолт исцедок се, на пример, повреди, венерични болести или трихомономска инфекција. Во вакви случаи, можно е да треба третман со лекување. 

Добро е да се знае: Кај кафеавиот исцедок промената на боја обично е предизвикана од благо, неочекувано крварење кон крајот на менструацијата, во рана бременост или на почеток на менопауза. Ако почувствувате мирис, болка или долготрајно имате кафеав вагинален исцедок, треба да се обратите кај гинеколог.

Миризлив вагинален исцедок – што да се направи?

Исцедокот кај жените обично воопшто не мириса или е суптилно кисел. Затоа забележлив или дури и непријатен мирис е сериозен предупредувачки сигнал. Како што е опишано погоре , различни инфекции може да бидат причина за мирис на исцедокот на „расипано‘‘, „риба‘‘ или „квасец‘‘. Мирис на метал, слатки мириси или мирис на оцетна киселина се исто така можни индикатори за болести, како дијабетес. Дури и заборавениот тампон може да предизвика непријатен мирис. 

Во безопасни случаи, хормоналните промени, несаканите ефекти од лековите, па дури и конзумирањето на одредени видови храна (како што се аспарагус или лук) може накратко да влијаат на мирисот на исцедокот. Меѓутоа ако тоа трае неколку дена, треба да се консултирате со гинеколог. 

Совети за хигиена околу вагиналниот исцедок

Вагината буквално сама се чисти. За одржување на здравјето на вагиналната флора, доволно е секојдневно да ја чистите интимната зона со топла вода и голи раце. Сапунот може да ја наруши деликатната pH рамнотежа. Затоа, производите за интимна нега треба да се користат само надворешно. Ако вагиналната средина е нарушена, може да биде неопходно да се изгради вагинална флора. Крпите за бришење исто така можат да пренесат бактерии во интимната зона. Долната облека заштитете ја со дневни влошки.

Обрнувајте внимание на вагиналниот исцедок секој ден. На овој начин секогаш го следите вашиот циклус и навреме ги препознавате можните здравствени проблеми кои потоа може брзо и успешно да ги лекувате.