КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
dm podcast

Женски ритам -  dm поткаст на тема женско здравје

Во 2024 година, како дел од кампањата за женско здравје, го лансиравме нашиот dmPodcast ,,Женски ритам“ со желба да понудиме сеопфатно информирање, да им дадеме простор на темите за кои ретко се зборува, како и да се погледне на физичкото, менталното, социјалното и менструалното здравје на жените од различни перспективи.

Втора сезона

И оваа година го продолжуваме патувањето низ најважните теми од четирите аспекти на женското здравје каде ќе откриеме што всушност значи да се биде жена и како да бидеме #скрозјас. Низ сите 6 епизоди, нашата модераторка Живкица Каленикова ќе отвори исклучително важни теми кои се дел од секојдневието на секоја жена. Ве очекуваат длабоки дискусии за физичкото, менталното, менструалното и социјалното женско здравје, како и лични искуства од нашите гости кои ќе нѐ инспирираат и охрабрат и ќе ни посочат како всушност да танцуваме во женскиот ритам.

Епизода 1 – Кога телото зборува, јас слушам

Во првата епизода, „Кога телото зборува, јас слушам", ќе зборуваме за физичкото здравје, односно како да ги препознаеме сигналите кои ни ги дава нашето тело и што всушност тие сигнали значат. Ќе се осврнеме и на промените кои ги доживува женското тело низ годините, притисоците од општествените стандарди и како и за најголемите заблуди за физичката активност! Токму нашата модераторка, Живкица Каленикова, дискутира на овие прашања, но и на многу други, со нашите гости Лејла Рамковска, јога инструкторка и сопственичка на нејзиното јога студио Club8, инфлуенсерка и мајка на две деца, и Даниел Трбогазов, фитнес тренер, професор по физичко образование и главен уредник и основач на порталот „Мој Тренер“.  Преземи го првиот чекор за грижа кон себе и погледни ја целата епизода.

Епизода 2 – Сѐ на мјут, освен јас

Дали и вие се прашувате кога ни е потребен вистински рестарт и одмор, и кога е најдобро да ставиме сѐ на мјут?  Или пак се соочувате со вашите мисли кои ви велат дека немате доволно време за да се посветите на себе и дека сè е побитно отколку да земете час, два за себе?  Токму на овие прашања нашите две прекрасни гостинки споделуваат многу корисни совети во втората епизода од нашиот поткаст за тоа како да ставите сѐ на мјут - освен себеси!

Епизода 3 – Значи, како ти успева жено?

Колку пати ви се случило да се сретнете со жена што е успешна и изгледа среќно, а жонглира со голем број обврски што ѝ ги наметнува секојдневието? Сигурно сте се запрашале: Како ти успева, жено?! Но, дали нештата се навистина такви какви што ги гледаме на социјалните мрежи и дали постои тоа совршенство? Колкав товар носи секој со себе и колку ни е лесно да се носиме со сите наметнати улоги? За оваа тема разговараме во третата епизода од dm поткастот „Женски ритам“, која го носи токму името „Значи, како ти успева, жено?“

Епизода 4 – Синдромот на добра девојка 

Што значи да се биде „добра девојка“ и  дали постои дефиниција за добрина во женскиот свет?  Во четвртата  епизода од dm поткастот „Женски ритам“, која го носи токму името „Синдромот на добра девојка“разговараме на оваа тема со  Викторија Лоба, пејачка, модел, инфлуенсерка, јавна личност и Елена Џебр, лиценциран психолог и веќе докажана психотерапевтка, кои несебично ќе ги споделат нивните животни  искуства, како во  личниот живот , така и на професионално поле . 

Епизода 5 – Календарот што го диктира животот 

Што значи да се живее со менструален циклус во свет полн со предизвици? Како стресот и бурното секојдневие влијаат на нашето тело? Знаете ли дека менструалното здравје е поврзано со нашата продуктивност на работа? Како различните фази од циклусот влијаат на нашата концентрација? Двете прекрасни гостинки ќе споделат како физичката активност влијае на нивниот менструален циклус и енергија и ќе откријат важни знаци на кои треба да внимаваме во стресни периоди. 

Прва сезона

Колку е важна физичката активност и исхраната за жените, што може да направи тренингот за нас дури и кога не тренираме, како менструалното здравје влијае на нас, како да се справиме со секојдневните социјални предизвици, но и важноста на стабилното ментално здравје се темите со кои се занимававме во  четирите епизоди од dm Podcast-от.

Епизода 1 – Активна жена и покрај сите предизвици во животот

Гости: Д-р Александар Митов - магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето и Драгана Младеновска Fitlife– магистер по фармација и диететика.

Премиерната епизода на dm поткастот зборува за различните животни доби на жената и предизвиците со кои жените се соочуваат секојдневно поврзано со тренингот и вежбањето, но и за влијанието на хормоните и исхраната врз физичкото здравје на една жена. Исто така ќе ви открие како со мали навики да постигнете големи промени. Во оваа интересна епизода, публиката ќе има шанса да ги слушне Д-р Александар Митов - магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето и Драгана Младеновска (на јавноста позната како Dragana Fitlife) – магистер по фармација и диететика.

Епизода 2 - Менструацијата не е избор 

Гости: Примариус доктор Искра Дукова - Специјалист гинеколог акушер на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Јана Коцевска - извршна директорка на Тиит инк. и Сања Арсовска - актерка.

Дали сте се запрашале зошто определени денови сте полни со енергија, во некои пак сте во целосно бунило, додека пак во други уживате во своето тело?  И каква врска има сето тоа со менструацијата? Во втората епизода од поткастот ќе зборуваме токму за менструалното здравје на жената, искуствата за првата менструација, промените низ кои поминува женското тело за време на менструалниот циклус, стереотипите и митовите поврзани со менструацијата, а трите извонредни жени-гостинки ќе дадат одговори и на многу други прашања.

Епизода 3 - Колку и како се грижиме за менталното здравје?

Гости: Бојана Стојменовиќ Петровска - психолог, семеен и системски советник и Дона Неделковска -  дипломирана докторка по дентална медицина, фотографка и креаторка на содржини.

Каква е поврзаноста меѓу менталното и физичкото здравје и како всушност може стресот и предизвиците кои ги имаме со нашето ментално здравје токму да ни предизвикуваат и предизвици и на физичкото здравје? Одговори на овие прашања, но и на многу други поврзани со менталното здравје на жените може да пронајдете во третата епизода од dm поткастот низ која заедно со двете гостинки, ќе ве води Ана Јовковска. Изгледајте ја веднаш епизодата и пишете ни ги вашите импресии!

Епизода 4: Балансот во социјалниот живот на жената: кариера, семејство и личен развој

Гости: Асс.Д-р Васка Митова - специјалист психијатар и психотерапевт при Универзитетска клиника за психијатрија и Моника Зец – претрпемачка и сопственичка на мал бизнис.

Последната епизода на dm поткастот зборува за различните улоги на жената, очекувањата од околината, но и како да се постигне баланс и задоволство  во секојдневието. Исто така ќе ви открие  што всушност значи да се биде посветен во домот и на работното место и што треба да се направи за да не чувствувате вина кога одвојувате малку време за себе. Во оваа инспиративна епизода, публиката ќе има можност да ги слушне овие одговори од Аcc. Д-р Васка Митова – специјалист психијатар и психотерапевт при Универзитетска клиника за психијатрија и Моника Зец – претрпемачка и сопственичка на мал бизнис.