КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Опаѓање на косата кај жените  

Дали понекогаш се грижите по чешлање на косата, дека остануваат премногу влакна во четката? Не паничете: Одредено количество на коса е нормално на дневно ниво да падне – но, кога започнува патолошкото опаѓање на косата кај жените? Тука можете да дознаете што го предизвикува ова и што може да направите за да го спречите.

Причини и совети за губење на косата 

Зошто опаѓа косата?

Дали секогаш ја чешлате косата со голема претпазливост, а сепак наоѓате многу влакна околу вас? Ова на почетокот не е причина за загриженост. Косата има ограничен животен век. За косата на главата, векот е три до шест години – кога ќе помине ова време, влакната зпаочнуваат да паѓаат. Дневното опаѓање на косата е помеѓу 60 и 100 влакна.  

Ако влакното падне, коренот на косата ја започнува фазата на одмор и регенерација пред да произведе нова коса за неколку месеци.  

Опаѓање на косата кај жените: Кога станува патолошко?

Од приближно 100.000 корени на косата што ги има една личност на скалпот, околу 80 проценти произведуваат коса што повторно расте, а останатите се во фаза на одмор. Зголеменото опаѓање на косата (долготрајно повеќе од сто влакна на ден) се јавува кога:

  • Поголемиот дел од корените на косата се во фаза на одмор, отколку вообичаено
  • Производството на нова коса е на некој начин нарушено
  • Се намалува животниот век на косата

Како изгледа опаѓањето на косата кај жените?

Кај жените, опаѓањето на косата (медицински термин: алопеција) може да се појави во различни форми:

  • Дифузно опаѓање на косата (ефлувиум). Ова е најчестиот облик на губење на косата кај жените. Косата опаѓа рамномерно по целата глава, така што таа севкупно станува поретка. Дифузното губење на косата често се развива постепено  и обично не резултира со целосна ќелавост.
  • Кружно опаѓање на косата (алопеција ареата): Овде косата опаѓа во една или повеќе остро дефинирани области на скалпот, каде потоа се појавуваат целосно  обезвлакнести области. Истражувачите претпоставуваат дека тоа е автоимуна болест во која одбранбениот систем на телото се спротивставува на фоликулите на косата, предизвикувајќи воспаление и со тоа го нарушува снабдувањето со хранливи материи на косата.  
  • Вродено опаѓање на косата (андрогена алопеција): Најчесто се јавува за време на менопауза, предизвикано од пад на нивото на естроген. Наследното опаѓање на косата се јавува кај мажите и жените, но генерално во поблага верзија кај жените. Покрај главата, може да влијае и на другите влакнести делови од телото и се припишува на преосетливост на хормонот дихидротестостерон.

Oпаѓање на косата кај жените: Причини

Пронаоѓањето на вистинската причина за опаѓање на косата кај жените не е лесно, но од клучно значење е проблемот да се стави под контрола. Вообичаени причини за патолошко губење на косата кај жените, покрај генетската предиспозиција и хормоналните флуктации – се следните:

  • Болести: Здравствените проблеми, како што се болестите  на надбубрежните жлезди или тироидната жлезда, може да предизвикаат губење на косата како симптом кај жените. Воспаленија, егзема или габични заболувања на скалпот исто така го поттикнуваат опаѓањето на косата.
  • Лекови:  Намалениот раст на косата е еден од несаканите ефекти на некои лекови, особено на разредувачи на крв или антидепресиви, но и хемотерапија.
  • Стрес и нездрав начин на живот: Заклучок за општата здравствена состојба на човекот, може да се извлечат од состојбата на косата. Факторите како стрес, лоша исхрана или консумирање алкохол и никотин може да влијаат на растот на косата.
  • Грешки во негата: Несоодветните шампони и производи за фризури или прекумерно јаките супстанци може да доведат до општетување и предвремено опаѓање на косата. Ова се однесува на пример, за превисоки температури при миење или сушење на косата, или за продолжен механички стрес, како што е премногу стегната плетенка.

Опаѓање на косата поради хормонални флуктации

Особено честа причина за губење на косата кај жените се флуктациите во хормоналната рамнотежа. Хормоните: естроген (ја подобрува и стимулира фазата на раст на коса), пргестерон и андрогените хормони играат улога тука. Последните се машки хормони, кои исто така се произведуваат во мали количини во женскиот организам, Тие исто така го оневозможуваат растот на косата. Ако овие хормони излезат од рамнотежа (намалување на естрогенот или зголемување на нивото на прогестерон или андрогени хормони), тоа може да доведе до губење на косата, на пример:

  • во пубертет 
  • за време на менопаузата 
  • за време на бременоста 
  • при прекин на хормонални контрацептиви 
  • со некои метаболички нарушувања (како синдром на полицистични јајници) 

Кој витамин недостасува при опаѓање на косата?

За здрав раст на косата, генерално од суштинско значење е соодветното снабдување со микронутриенти. Посебна улога игра витаминот Д, витаминот Х (биотин) и разните витамини од групата Б, вклучително и фолната киселина, како и железото и цинкот. Недостатокот на нега исто така може да биде штетен за здравјето на косата.  

Опаѓање на косата кај жените – што помага?

Во зависност од тоа што предизвикува алопеција, можете да преземете различни чекори за да го намалите опаѓањето на косата и да ја вратите густата, здрава коса. Сè додека опаѓањето на косата кај жените не е предизвикано од наследност, болест или хормонални промени (на пример во фази од животот како бременоста или менопаузата), факторите на исхрана и нега на коса се особено важни. 

Добро ,,нахранета“ коса

За да може косата да остане силна и здрава, на коренот на косата му се потребни соодветни хранливи материи. Ова му го давате со балансирана исхрана, јадење разновидна и здрава храна, и ако е можно избегнување на готови оброци. Придружната употреба на додатоци во исхраната (цинк,, биотин, витамин Ц и Е, силициум и железо) исто така може да биде од корист за косата, но за ова треба да побарате лекарски совет.  

Производи за нега и рутина

Избегнувајте го сето она што може да ја оштети структурата на косата, како што е стилизирањето со премногу топлина. Шампоните и производите за стилизирање кои одговараат на вашиот тип на коса, ја чистат и негуваат косата и ја снабдуваат со хранливи материи. Се вели дека шампоните кои содржат кофеин имаат стимулирачки ефект врз фоликулите на косата, но оваа ефикасност не е сè уште научно докажана. Се препорачуваат природни производи за нега на косата без адитиви како силикони, парафини или сулфати.

Совет: Четките за коса со природни влакна се нежни за косата и го активираат коренот на косата со стимулирање на циркулацијата на крвта во скалпот.

Миноксидил: Лек за опаѓање на косата

Активна состојка за која е научно докажано дека е ефикасна против опаѓање на косата кај жените е миноксидилот. Супстанцата често се користи како лек на рецепт што треба да се зема орално. Достапен е и без рецепт во специјални серуми за коса, пени или раствори кои се нанесуваат на скалпот и се масираат. Кога се користи подолг временски период, го поттикнува растот на косата (иако кога се користи орално, исто така го поттикнува и растот на влакната на лицето) и се вели дека го спречува опаѓањето на косата.  

Како делува миноксидилот?

Механизмот на дејството се заснова на циркулацијата на крвта. Всушност, супстанцата првично била развиена за лекување на висок крвен притисок. Миноксидилот ги отвора калиумовите канали на мускулните клетки на крвните садови. Ова ги релаксира вените и на тој начин ја подобрува циркулацијата на крвта во скалпот. Како резултат на тоа, повеќе хранливи материи и кислород стигнуваат до фоликулите на косата. Ова подобро снабдување на скалпот, ја подобрува фазата на раст на косата.

Дали миноксидилот има несакани ефекти?

Кога се користи надворешно, може да се појават локални несакани ефекти како алергии, чешање и првут. Миноксидил не смее да се користи против опаѓање на косата кај жени за време на бременост или доење.  

Опаѓање на косата кај жените: Посетете лекар 

Доколку забележите воочливо опаѓање на косата, секогаш ви е потребен лекар за да ви ги разјасни причините. Првата точка на контакт е општ лекар или дерматолог. Ако се идентификува причината за опаѓање на косата и таа не може да се елиминира со прилагодување на начинот на живот, исхраната или негата, тогаш третманот со лекови може да помогне. На пример, хормонални терапии или третмани со антиандрогени.

Спречување на опаѓање на косата кај жените

Освен ако не постојат органски болести и генетска предиспозиција, опаѓањето на косата кај жените во многу случаи може да се спречи со едноставни мерки и лекови. Ако внимателно го следите секојдневното опаѓање и проверите дали постои медицинска причина за тоа, честопати може да го спречите опаѓањето. Сепак, потребно е малку трпение бидејќи на косата ѝ се потребни околу 3 месеци за да порасне здраво.

Верувајте во производите за нега на вашата коса од dm!