

dm дрогерие маркт
Време за читање 2 Мин.
•
1/3/2024
SPA нега во сопствениот дом
Кажете му збогум на стресот! Претворете ја сопствената бања во своја wellness оаза со овој домашен SPA-програм.
На дождливи студени зимски денови немате желба да го напуштите својот дом? Тогаш искористете го ова време да поуживате во сопствена SPA програма во домот. Не само вашата кожа, туку и вашиот дух ќе ви биде благодарен.
Започнете со пенлива бања
Ова е повеќе од само обично бањање. Пенлива бања под светлина од ароматични свеќи и релаксирачка музика...самата помисла веќе нѐ релаксира. Сепак, за разлика од вистински SPA центар, во сопствената SPA ќе мора да се откажеме од масажата. Или сепак не? Нежен механички пилинг на вашата кожа може да ви пружи сличен ефект. Нежни движења, во комбинација со правиот производ може да го стимулираат крвотокот и да повлијаат на вашето чувство на релаксација.
Маслото е must
По бањата, на кожата ѝ е потребна хидратација, а таа ќе ја добиете со правите производи. На маслата им треба малку повеќе време да се впијат, но времето е една од работите кои не треба да ни прават притисок на нашиот Wellness Spa Day. Во меѓувреме можеме да уживаме во некој интересен магазин, да го пролистаме омилениот instagram профил или едноставно да се опуштиме со кратка медитација.
Покријте се со маска
Без разлика дали станува збор за маска за лице, коса, стапала или раце...маската мора да биде вклучена во Spa уживањето. По бањата, кожата има идеална основа за примање на хранливи состојки. За само десетина минути, вашата кожа, коса, дланки или стапала ќе бидат чисти, негувани и освежени. А, што велите за еден топол чај, додека ги уживате благодатите на производите за нега?
Отпатувајте во „земјата на соништата“
Најдобро сѐ ова што ви го препорачавме погоре да го направите на крајот на денот. Така ќе можете, целосно релаксирани, да се нурнете во меката чиста постелнина и да го крунисате вашето SPA уживање со длабок сон. За уште поубав сон, препорачуваме и маска за спиење која не пропушта светилна.