SOS - совети против изгореници од сонце
Вака ќе се спротивставите на зацрвенетата и изгорена кожа.

dm дрогерие маркт
Време за читање 2 Мин.
•
1/3/2024

Дали ви звучи познато: Уживате во сончевите зраци за време на паузата за ручек, а одеднаш кожата е зацрвенета и изгорена. Изгорениците од сонце не само што се опасни по здравјето, туку и крајно непријатни. Во продолжение ви даваме неколку совети против изгореници од сонце, со кои болката брзо ќе се намали:
1. Оладете се веднаш!
Најдобар е ладен туш - ја ублажува болката. Млечните производи како урда или јогурт од фрижидер исто така може да направат чуда. Но, внимавајте: Ако кожата е многу изгорена и веќе се создаваат плускавци, не треба да се користат млечни производи. Бактериите може да навлезат во отворените рани и да предизвикаат инфекции. Треба да се избегнуваат и коцки мраз и ладни пакувања за да не се замрзне кожата.
2. Пијте многу вода!
Пијте многу вода додека се сончате. На овој начин го спречувате ризикот од топлотен удар или главоболки. Покрај тоа, водата го лади телото одвнатре и го поддржува процесот на регенерација на кожата. Дополнително, со внес на вода се стимулира и крвотокот.
3. Брзо под сенка!
Ништо не е полошо од излегувањето на сонце кога кожата веќе ви е црвена. Избегнувајте ги сите сончеви зраци додека вашата кожа не се опорави. Претпочитајте места под сенка! Црвените дамки треба да бидат покриени со лесна, широка облека направена од природни влакна. Тесна облека се трие на телото и може да предизвика болка. Поцрвенето чело, образи или нос? Заштитете го лицето од сонцето со голема капа за сонце.
4. Хидратација, хидратација, хидратација!
Специјалните производи за после сончање ѝ даваат на кожата дополнителна влага, го смируваат и ублажуваат чешањето, горењето или болката. Состојките како алое вера и пантенол се особено ефикасни. Совет: Кремата за после сончање чувајте ја во фрижидер.
Но: Better safe than sorry! Секоја изгореница предизвикува трајно оштетување на вашата кожа. Затоа погрижете се да имате соодветна заштита од УВ! Прочитајте тука како да го пресметате точниот фактор за заштита од сонце.