КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Психодерматологијата како холистички пристап

Психолошкиот стрес и емоциите може да имаат влијание врз здравјето на кожата. Од стрес, до анксиозност и депресија – различни психолошки фактори може да имаат и позитивни и негативни ефекти врз изгледот на вашата кожа. Ќе ви објасниме како кожата и умот работат заедно и какви мерки може да се преземат за да имате поздрава кожа.

Психодерматологија

Што е психодерматологија? 

Врската меѓу физичките функции и менталната состојба на умот е одамна позната. Една стресна ситуација може буквално да го вознемири вашиот стoмак, а поголемиот стрес може да доведе и до осип. Додека науката долго време се занимава со меѓусебната врска помеѓу стомакот и психата, истражувањето за врската помеѓу умот и кожата е уште во рана фаза.  

Кои емоции ,,се испишуваат“ на кожата?

Многу познати изреки алудираат на односот помеѓу кожата и умот. Веројатно веќе сте ја изразиле својата незаинтересираност со зборовите ,,Не ми е грижа за тоа!“ или сте реагирале на многу емотивна ситуација со реченицата ,,Тоа навистина ме вади од кожа“. Ова се некои од најпознатите емоции  кои припаѓаат на полето психодерматологија:

  • Црвенило/руменило поради чувство на срам  
  • Наежена кожа во страшна ситуација  
  • Потење поради страв или нервоза 
  • Црвени дамки на кожата од возбуда или лутина 
  • Осип и егзема поради стрес 

Истражувањата покажуваат дека психата влијае кај 30 до 60 проценти од сите кожни заболувања. Доколку некогаш сте посетиле дерматолог поради проблеми со кожата и не сте успеале да добиете помош, нема да згрешите ако ја проучите психодерматологијата одблиску. За среќа, во последно време се зголемува бројот на специјалисти по психосоматска дерматологија.

Интеракција помеѓу психата и кожата

Врската лежи во биолошкиот развој на човекот: кожата и централниот нервен систем се тесно поврзани едни со други. Човечките емоции допираат до кожата преку нервните патишта и предизвикуваат нервни реакции. Затоа, најистражуваната област на психодерматологијата е стресот како фактор на ризик. Сега е јасно дека стресот може барем делумно да биде вклучен во следниве заболувања:  

  • Неуродермитис 
  • Псоријаза 
  • Уртикарија (црвенило и пликови) 
  • Акни  
  • Херпес

Кожни реакции и стрес

Не е невообичаено ненадејниот и тежок стрес (на пример, загуба на некој близок преку разделба или смрт) да предизвика болест која била претходно заспана. Кај веќе постоечките болести, стресот доведува до акутни реакции.

Ова честопати доведува до маѓепсан круг: Луѓето страдаат од нивната неубава кожа и поради тоа се чувствуваат под стрес.

Што можам сама да направам?

Не е секогаш неопходно веднаш да се побара стручна дерматолошка помош. Само познавањето на врската меѓу кожата и умот може да ви помогне да најдете нов пристап кон сопствената нега на кожа. Еве неколку решенија од областа на психодерматологијата кои може сами да ги имплементирате:  

Релаксирање во секојдневиетo  

Бидејќи стресот е најчеста психосоматска причина за проблеми со кожата, релаксацијата е на врвот на листата на приоритети. Почестете се со релаксирачка полна када со мирислива купка или опуштете се во тишина на вашиот балкон додека го гледате зајдисонцето. Обидете се да изградите издржливост со тоа што нема да дозволите работите да ви се приближат премногу во стресните ситуации. Вежбањето е уште еден добар начин да се намали стресот и да се подобри ослободувањето на хормоните за добро чувство – како што е допаминот.

Позитивни мисли

Позитивниот став има огромно влијание врз физичката благосостојба. Ова е особено точно кога се справувате со видливи кожни проблеми, како што се псоријаза и розацеа. Сфатете дека тие не се причина за срам или непријатност, туку се едноставно привремен дел од вас.  

Доволна количина на сон

Адекватниот и добар сон игра важна улога во психодерматологијата. Во телото за време на спиењето се случуваат бројни регенеративни процеси, вклучувајќи го и обновувањето на клетките на кожата. Во исто време, се ослободуваат антиоксиданси кои ги намалуваат воспалителните процеси во телото. Погрижете се да спиете околу седум до осум часа. Најдобар начин да го направите ова е да избегнувате стимули како што се мобилните телефони и телевизорот, еден час пред да си легнете. Испијте шолја чај за спиење, слушајте мирна музика или посветете десет минути на медитација за да се смирите.  

Ритуали за убавина 

Секојдневната лична нега не ја гледајте како задолжителна, туку како добредојдена можност да направите нешто добро за себе. Одвреме-навреме почестете ја вашата кожа со нешто посебно, на пример масло за тело со прекрасен мирис што ја снабдува со вредни хранливи материи. Масирајте се со пилинг за тело кој ги отстранува мртвите клетки од кожата додека ја стимулира цирклулацијата.  

Позитивниот психолошки однос кон вашата кожа наскоро ќе биде забележлив преку тоа што ќе имате поубав тен!