КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Jojoба масло

Има едно масло, што всушност и не е вистинско масло, а тоа е јојоба маслото. Златножолтото јојоба масло всушност е нежно топлив восок, чиј ефект може да се мери со оној на популарните „супер масла“ како кокосово масло, бадемово масло и други.

dm дрогерие маркт

Време за читање 4 Мин.

5/14/2026

Потекло и активни состојки

Јојоба маслото се добива од семките на јојоба грмушката и од нив ги добива своите позитивни својства. Таа се нарекува и Simmondsia Chinensis и се наоѓа во Мексико, Калифорнија, Австралија или Израел. Индијанците О’Одхам му го дале името „хо-хо-ви“. Ладно цеденото јојоба масло има светла до златножолта боја. Се состои во голем дел од незаситените масни киселини гадолеинска и еруцинска киселина. Маслото, кое всушност е восок, се добива со цедење на семките.

Активни состојки

· Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Во тој контекст често се зборува за слободни радикали.

· Провитамин А – познат и како бета-каротин, придонесува за одржување на нормална кожа и има функција во специјализација на клетките.

· Дополнително, минерали и витамин Б спаѓаат во состојките на јојоба маслото.

Активни состојки

  • Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Во тој контекст често се зборува за слободни радикали.
  • Провитамин А – познат и како бета-каротин, придонесува за одржување на нормална кожа и има функција во специјализација на клетките.
  • Дополнително, минерали и витамин Б спаѓаат во состојките на јојоба маслото.

Јојоба масло за коса

Без разлика дали е кадрава, права, боб или долга коса: шампон или баслсам со јојоба масло ја негуваат косата и скалпот особено богато, без да ја оптоварат. Тоа е затоа што состојките директно продираат во влакното и го зајакнуваат одвнатре. Особено оштетени, суви врвови или кршлива коса се радуваат на дополнителната нега. И скалпот добива хидратација од третман со јојоба масло.

Совет: Чистото јојоба масло може да се користи и како leave-in третман. Едноставно распределете неколку капки на рацете и потоа нанесете ги на должината на косата. Ова функционира и кај коса исушена со пешкир.

Јојоба масло за лице

Маслото се користи како ноќна нега, бидејќи помага во поддршка на регенерацијата на кожата. Исто така, се користи и како anti age нега или кај негата за сува кожа. Генерално, кожата по негата се чувствува мазна – без да се мрси. Затоа јојоба маслото е популарно и кај производи за мажи, бидејќи тие природно имаат повеќе мрсна кожа.

Јојоба масло за нега на брада

И кај негата на брада, не смее да недостига употребата на добро масло. Јојоба маслото е многу популарно благодарение на своите својства, бидејќи ја снабдува брадата со потребна влага, а истовремено се апсорбира во кожата без да остави мрсен слој. Брадата треба само здраво да сјае.

За што друго се користи јојоба маслото?

Отстранување на шминка

Едноставно ставете неколку капки на памучен туфер и отстранете ја маскарата, шминката за очи и секаква нечистотија од вашето лице. Потоа измијте ја кожата со млака вода.

Ова е доста практично: по отстранувањето на шминката, јојоба маслото веднаш ја негува кожата.

Заштита од сонце

Јојоба маслото има природен заштитен фактор од 3 до 4. Поради неговите негувачки и хидратантни својства, често се користи и во креми за сончање.

  1. AFRODITA

    арганово масло за коса, 50 мл

  2. REVUELE

    Argan Oil ампули за коса, 7/1

  3. REDIST

    арганово масло за коса, 100/1

Крај на листата