Идеали за убавина низ целиот свет
Убавината е повеќеслоен концепт кој постојано се менувал низ историјата и во различните култури. Од античките идеи, до модерните трендови – идеалите за убавина ги одразуваат не само естетските преференции, туку и социјалните, културните и историските настани. Од античките идеали за убавина, па до модерниот медиумски пејсаж – ги разгледуваме концептите за убавина низ светот и како тие се менувале со текот на времето.

Кои се идеалите за убавина?
Идеалите за убавина се стари колку што е и човештвото. Дури и античките поети ја испеале убавината на одредени божици и вистински жени кои биле прикажувани на статуи и во слики. Најпознатите антички дела, ги вклучуваат Венера де Мило (Афродита од Милос) и ликот на египетската божица Нефертити. Но, мажите биле предмет на идеалите за убавина: грчките и римските богови биле прикажани како атлетски градени со мускули, додека египетските фараони се разубавувале со перики и шминка.
Некои идеали за убавина речиси и да не се промениле со текот на времето: Тие вклучуваат дури и црти на лицето, добро обликувани усни и чиста кожа. Другите удеали за убавина, од друга страна се менуваат одново и одново: тие биле ,,диктирани“ од страна на уметници кои ги користеле своите слики за да дефинираат што се смета за убаво или во поновата ера, од познатите трендсетери.
Идеали за убавина со текот на времето
Веројатно најпознатиот пример за промена на идеалите за убавина во западната култура е односот кон телесната тежина – особено кај жените.
Бујни антички идеали за убавина
Раните уметнички дела, како што е познатата Вилендорфска Венера покажуваат добро заоблени женски тела, кои веројатно ја прикажувале идеалната слика на плодна жена. Во антиката, а подоцна и во ренесансата, прилично тенок, но сепак тркалезен тип на тело доминирал пред барокниот период да ги прослави бујните женски тела.
Рани модерни времиња на ,,оса“ струкот
Набрзо, мислењето се променило бидејќи во раниот модерен период од 17 век па наваму, жените требало да имаат најтенок можен струк – кој се обликувал со помош на затегнати корсети. Бидејќи облеката од тоа време ги оставало видливи само лицето и деколтето – овие делови од телото биле во фокус да се истакнат. Жените поминале многу време во стилизирање на косата и украсувајќи ја со накит. Исто така, носеле многу шминка.
Убавината во 20 век
Во 20 век, идеалите за убавина започнале многу брзо да се менуваат, благодарение на меидумите. Еден од најпознатите (и најконтроверзни) трендови во последните децении е екстремно слабото и момчешко женско тело. На почетокот на 21 век, движењето за Body Positivity станало популарно со идејата да се ослободиме од идеалите за убавина и да ги прифатиме нашите тела со сите маани и недостатоци.
Убавината низ целиот свет
Идеалите за убавина варираат од култура до култура, одразувајќи ги различните идеали за убавина кои постојат во различни делови на светот. Додека во некои општества витките тела се сметаат за привлечни, во други делови на светот се претпочитаат облини и впечатливи црти на лицето. Дополнително, културните традиции и историските влијанија исто така играат улога во дефинирањето на убавината. На пример, во некои домородни култури во Латинска Америка, тетоважите и модификациите на телото се сметаат за знаци на убавина и сила, додека во западните општества, младешкиот изглед и виткото тело често се сметаат за пожелни. Глобализацијата и стандардизацијата на поп-културата водат кон постојано разликување на идеалите за убавина. За мажите, глобално познатите спортисти и музички и филмски ѕвезди ги поставуваат трендовите за добар изглед. На пример, kawaii makeup look-от од Јапонија добива популарност.
Иделите за убавина како симбол
Класичните идеали за убавина во различни предели во светот често се базирани на истата желба за различност и импресивна појава во земјата: во студената и дождлива Централна Европа, сончањето се гледа како знак на богатство, бидејќи исончаните луѓе се чини дека имаат пари и време за патувања и одмор. Затоа многу луѓе си помагаат со самопотемнување.
Во земјите каде што многу жени сѐ уште работат надвор на полињата, ситуацијата е обратна: овде белата кожа се смета за идеал за убавина. Таа дава знак дека овие дами не мора да работат на полињата и затоа се несомнено богати. Во Африка и Азија, дури се користат креми за осветлување на кожата.
Во регионите кои и понатаму се под силно влијание на патријархот, исклучително женствените облини и фигури се дел од идеалите за убавина: бујни гради и голем задник, често во комбинација со исклучително тенок струк. Ова има за цел уште повеќе да ги нагласи разликите меѓу половите.
Променливиот концепт за убавина
Затоа, идеалите за убавина се предмет на постојана промена. Она што се смета за убаво денес или во одредена култура, може да биде сосема различно утре или во друга култура. Трендовите доаѓаат и си одат, но самото тело не е тренд. Сфатете дека вистинската убавина доаѓа однатре. Ова може да се постигне, на пример, преку самоуверена појава, позитивна харизма и пријателска насмевка.