Q&A со Јасна Апостолски-Николов

dm дрогерие маркт
Време за читање 1 Мин.
•
12/21/2023
Јасна Апостолски-Николов e дипл.мед.сестра, IBCLC Mеѓународен сертифициран консултант за доење и сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници и наш стручен соработник во кампањата за подигнување и зачувување на женското здравје!
Во месец август, заедно со Јасна обработивме повеќе теми од областа на бременоста, доењето и одржавме online обука за доење на 3 август. Вашите прашања кои ѝ ги поставивте на Јасна преку нашите социјални мрежи и нивните одговори можете да ги прочитате во продолжение.

Прашања и одговори од социјални мрежи
До кога може да се влијае врз зголемување на количина на млекото?
До кога може да се влијае врз зголемување на количина на млекото?
Процесот на развој на лактација приридно трае 6 недели или првите 40 дена по породувањето. Кај некои мајки кои имаат тешко породување, породување со царски рез, хронично заболување на тиродината жлезда, дијабетес мелитус, прекумерна телесна тежина, полицистични јајници, развојот на лактацијата може да трае и до 8 недели. НО, и после тој период има можност за релактација (повторно воспоставување на лактацијата) според одреден протокол.
Дали е доволно измолзување еднаш дневно, доколку има многу млеко?
Дали е доволно измолзување еднаш дневно, доколку има многу млеко?
Доколку се работи за хиперлактација-зголемена продукција на млеко треба почесто да се регулира за да може мајката да избегне измолзување. Доколку измолзуваме, ние повторно стимулираме да се создава повеќе млеко.
Кое е вашето мислење за породување во домашни услови со дула и бабица (за здрава бременост)?
Кое е вашето мислење за породување во домашни услови со дула и бабица (за здрава бременост)?
Дефинитивно го поддржувам овој начин на породување, доколку постојат услови за ова, доволно едуциран кадар и протокол кој е сигурен за мајката и бебето. Во други земји ова е организирано така што во случај на компликации возилото на итна помош е пред куќата и веднаш ја носи родилката во здравствена установа. За жал, во нашата земја ова и речиси да не постои.
До која возраст се смета дека е најоптимално да се дои?
До која возраст се смета дека е најоптимално да се дои?
Според Светската Здравствена Организација препораката е шест месеци ексклузивно доење, до 2 години доење со комплементарна исхрана.
Дали има лек за мачнините и гадењето во бременоста?
Дали има лек за мачнините и гадењето во бременоста?
Постојат неколку суплементи кои трудниците ги пијат за намалување на мачнините (табл.Антиметил, и капсули Локомотив). Доколку се работи за Хиперемезис која не може да се контролира со суплементи, чести и мали оброци препораката е да се консултирате со вашиот матичен гинеколог (лекот мора да биде препишан од матичниот гинеколог).
Како бебе кое е старо 1 месец, да не заспива само со доење?
Како бебе кое е старо 1 месец, да не заспива само со доење?
Станува зббор за многу мало бебе на кое градата не му е само место каде што се храни туку и зона на комфор, место каде што се чувствува сигурно. Близината до мајката го прави да биде смирено, контактот кожа на кожа има огромно значење за новороденчето. Ке дојде и време кога нема да заспива само со доење но, имајте трпение.
Кои лекови смее да се пијат додека се дои?
Кои лекови смее да се пијат додека се дои?
За секој лек постои градација во која група припаѓа. Секој лек се излачува во мајчиното млеко во минимални дози. Мала е групата на лекови кои се излачуваат во мајчиното млеко, а предизивикауваат клинички релевантни дози кај новороденчето.
Ако RID (relevant infant dose) е помала од 10% повеќето лекови се безбедни за употреба, но повторно зависи од лекот. Групата на лекови КОИ СЕ КОНТРАИНДИЦИРАНИ со доење е многу помала од оние кои се КОМПАКТИБИЛНИ СО ДОЕЊЕ. Затоа постои посебна гранка фармакологија во лактацијата кои истражува кои лекови се компактибилни и според одредени параметри сите лекови се класифицирани во 5 групи. Сепак, за подетални информации околу ова би препорачала советување со матичен гинеколог.
Дали покрај ексклузивното доење со пумпа, ќе се стимулира повеќе млеко?
Дали покрај ексклузивното доење со пумпа, ќе се стимулира повеќе млеко?
Да, во одредени состојби пумпата ни е помагало за додатна стимулација доколку имаме потреба.
Која е причината тримесечно бебе да одбива да цица и со секој обид да плаче хистерично?
Која е причината тримесечно бебе да одбива да цица и со секој обид да плаче хистерично?
Најчесто станува збор за скок во развој. Тоа се периоди (во првите две години постојат 10 периоди на скок во развој кога имаме напредок во менталниот и физичкиот развој). Помеѓу 11-12-та недела започнува скок во развој кој носи големи промени во однос на доењето. И најчесто тоа е причината. Но, сепак треба да се исклучат и други причини можеби зголемен рефлекс на исфрлање на млеко или можеби намалена продукција на млеко.
Што може да се користи за да се намали болката на брадавиците при доење?
Што може да се користи за да се намали болката на брадавиците при доење?
За редовна нега на брадавици се користи ланолин или кокосово масло. Но, сепак треба да се детектира и причината која ја предизвикува болката.
Кога се повлекува стомакот после царски рез и кога да се започне со вежбање?
Кога се повлекува стомакот после царски рез и кога да се започне со вежбање?
Повлекувањето е индивидуално кај секоја родилка, а дозвола за вежбање дава секогаш матичниот гинеколог после првиот преглед после породувањето.
Како да се лечи уреоплазма?
Како да се лечи уреоплазма?
Препорака за ова е да се консултирате со матичниот гинеколог. Сепак се работи за бактерија за која е потребна терапија (која исто така зависи од тоа дали сте бремени или не).
Прашања и одговори од Online обука за доење
Што кога има царски рез, бебиња, близнаци во инкубатор? Како да постигнеме добра лактација? Детали за наизменични подои, подои во исто време и потхрана со адаптирано, комбинирано со мајчино млеко?
Што кога има царски рез, бебиња, близнаци во инкубатор? Како да постигнеме добра лактација? Детали за наизменични подои, подои во исто време и потхрана со адаптирано, комбинирано со мајчино млеко?
Додека бебињата се во инкубатор мајката, заедно со консултант за лактација треба да изготви план за стимулација (измолзување и употреба на суплементи, редовна исхрана и одмор). Откако ќе се развие лактацијата и зависно од тоа во кој степен ќе се развие тогаш се прави распоред на подои и дали ќе има потреба од адаптирано млеко. Ако има потреба во кој дел од денот ќе се дава. Во однос на подоите, мајките на близнаци се советуваат да ги дојат во исто време.
Во случај кога бебето е старо две недели и поради врзано јазиче се хранело со шишенце, како да успееме да се префрлиме од хранење со шише, на доење?
Во случај кога бебето е старо две недели и поради врзано јазиче се хранело со шишенце, како да успееме да се префрлиме од хранење со шише, на доење?
По извршената френулотомија се прават вежби за да се стимулираат правилните движења на јазикот. Потоа, постепено со контакт кожа на кожа и малку упорност и трпение, бебето се става на града. Најчесто се советуваат да се прават компресии додека цица бебето како би го имитирале млазот од шишето.
Како да се постапи при ранливи брадавици, кога бебето цица млеко, меѓутоа и крв од раничките?
Како да се постапи при ранливи брадавици, кога бебето цица млеко, меѓутоа и крв од раничките?
Најпрво треба да се пронајде причината. Истовремено се лекуваат брадавиците. Треба да се провери и поставувањето на бебето на града или можност од присуство на некоја орална рестрикција (подврзано јазиче или подврзана горна усна).
Дали треба и кога треба да се започне со пиење на чаевите за лактација?
Дали треба и кога треба да се започне со пиење на чаевите за лактација?
Подобро е да почекаме природен развој на лактација па да се направи проценка дали треба да се суплементира со чаевите. Мој совет е да почекаме да си дојдеме дома од болница, да видиме во каква состојба се градите, дали имаме застојни гради или преполнети гради, а потоа да се пие чај за лактација ако има потреба.
Кои се техниките за одбивање од доење, во случај кога детето има една година и 7 месеци, а сѐ уште е со ноќни подои?
Кои се техниките за одбивање од доење, во случај кога детето има една година и 7 месеци, а сѐ уште е со ноќни подои?
Секој процес на одбивање од доење е различен и индивидуален кај секој доенечки пар. Исто како и развојот на лактација што е различен кај секоја доилка. Затоа се прави план за одвикнување со консултант за лактација.
Дали измолзеното млеко кое е чувано во фрижидер 12-14 часа доколку се потстопли за хранење, а бебето во меѓувреме заспие – може да се врати во фрижидер за подоцна да се испие или не е веќе погодно за употреба?

Откако ќе се загрее мајчиното млеко веќе не се враќа во фрижидер.
Колку време може да стои измолзеното млеко во фрижидер и дали мора да се грее пред да му се даде на бебето или може да се остави на собна температура да се стопли?
Колку време може да стои измолзеното млеко во фрижидер и дали мора да се грее пред да му се даде на бебето или може да се остави на собна температура да се стопли?
Препорачано е 24-48 часа на задниот дел од полиците во фрижидерот. Доволно е да се остави на собна температура 10 минути ако станува збор за термински родени деца. За предвремено родените потребно е да се загрее.
Дали е потребно да се загрее млекото доколку стоело во ладилник, и колку?
Дали е потребно да се загрее млекото доколку стоело во ладилник, и колку?
Најпрво се остава на собна температура 5-10 минути, а потоа шишенцето се става во сад со млака вода уште 5 минути. Температурата на мајчиното млеко кога бебето цица е како температурата на телото. Исто кога се загрева треба да биде млако.
На која возраст е препорачано да се прекинат ноќните подои?
На која возраст е препорачано да се прекинат ноќните подои?
Навистина ова е индивидуално и не може да се даде општ одговор. Препорачувам консултација со експерт кој е запознаен со вашата индивидуална состојба, на основа на што би можел да даде препорака.
Каква храна треба да консумираме кога доиме и на што треба да внимаваме околу исхраната т.е. каква храна да избегнуваме?
Каква храна треба да консумираме кога доиме и на што треба да внимаваме околу исхраната т.е. каква храна да избегнуваме?
Експертите во светот кој работат на поле доење советуваат мајката да јаде разноврсна исхрана и да не избегнува никакви намирници. Исхраната на мајката нема влијание на појава на грчеви кај бебето. Моето искуство го потврдува тоа. Се имам соочено со мајки кои јадат сѐ и нивните бебиња немаат грчеви, но и обратно - мајки кои јадат редуцирано и бебиња кои имаат грчеви. Во првиот месец единствено може доилката да избегнува грав, грашок, боранија и зелка бидејќи таа храна кај неа предизвикува гасови и може да чувствува непријатност. Навистина многу ретко може грчевите да се поврзуваат со одредена намирница која ја консумира мајката.
Бебето е родено 36+1 ден. Во болница било хрането со адаптирано млеко 4 дена, а дома е само на мајчино. Кога е во ред да врши голема нужда прв пат?
Бебето е родено 36+1 ден. Во болница било хрането со адаптирано млеко 4 дена, а дома е само на мајчино. Кога е во ред да врши голема нужда прв пат?
Нема точно правило за тоа. И една столица на десет дена и десет столици во еден ден е нормално кај бебиња кои се на мајчино млеко.
До 3 месеци, бебето само цицаше, но сега нема доволно млеко. На кој начин да се стимулира повеќе млеко, бидејќи бебето не сака да цица на празна града?
До 3 месеци, бебето само цицаше, но сега нема доволно млеко. На кој начин да се стимулира повеќе млеко, бидејќи бебето не сака да цица на празна града?
Ова бара индивидуален пристап. Општ совет е повеќе да се држи бебето во контакт кожа на кожа, измолзувајте се редовно, на 2 часа, земете чај за стимулирање на лактација.
Кога е најпаметно да се измолзе мајката за да има млеко за некој ден кога нема да биде во можност да го надои детето? Дали тоа се прави пред или по доење? Дали да се направи на две до три доења или само на едно?

За оваа намена се измолзуваме после доење. Зависно која количина ја измолзуваме може и еднаш, а може и да се собере од неколку молзења во денот.
Кој е вашиот совет за намалување на продукцијата на млеко? Дали измолзување еднаш дневно е доволно?
Кој е вашиот совет за намалување на продукцијата на млеко? Дали измолзување еднаш дневно е доволно?
Измолзувањето не е опција за намалување на млеко. Ако ја празниме градата таа добива сигнал повторно да прави млеко.
Како да се префрли бебето од пиење од шише, на града и кога да се врши измолзување за да се стимулира лактација?
Како да се префрли бебето од пиење од шише, на града и кога да се врши измолзување за да се стимулира лактација?
Се стимулира со измолзување во ритам како кога би цицало бебето, на секои 2-3 часа. Трансферот од шише на града е постепен процес. Држете го во контакт кожа на кожа, доближете го до градата да ја запознае и мириса, кога го поставувате на града правете компресии кои би го имитирале млазот на шишето. Кај секое бебе овој процес има различен пристап и различен временски рок. Кај некои бебиња веднаш успеваме кај некои бебиња ни требаат неколку денови. Но треба упорност и трпение.
Породена пред 3 месеци, 27 + 6 дена предвремено, бебето 47 дена во инкубатор, потоа на клиника за детски болести поради цијаноза, неможност за цицање, околу 60 дена, молзење со електрична пумпа единечна, по 120мл на 24 млеко, слкадираното млекце од замрзнувач му го дадов супер напредуваше. Сега го ставам на града мрзливо цица и му давам и дохрана затоа што не му е доволно. Ќе ве молам совети како да зголемиме лактација и бебето да биде хрането со мајчино млеко?

Вежбајте ги вежбите за зајакнување на мускулатурата која учествува во доењето. Можете да пиете некој од чаевите за стимулација, молзете се кога давата дохрана, правете компресии додека цица бебето, проверете дали правилно го поставувате на града.
Бебето добро напредува, има редовна столица и полни мелени, меѓутоа цица многу кратко – до 5 минути, а и не толку често. Притоа се случува и со саати да не цица или ако цица – тоа е по минута до две и потоа плаче. Како да се постапи во овој случај? Дали е потребно да се става измолзено млеко и како да се воспостави ред на цицање?

Важно е на која возраст е бебето. Бебињата после 2-3 месец имаат кратки подои и времето од еден до друг подој е 2-3 часа. Ако бебето добро напредува нема никаква потреба од додавање на измолзено мајчино млеко.
Online обука за доење
На 3 август во 12 часот се одржа Online работилница за доење со Јасна Апостолски-Николов по повод светската недела на доење. Сите оние кои не бевте дел од истата можете да ја погледнете на видеото подолу. Работилницата изобилуваше со многу интересни совети и трикови за доење, кои може да им помогнат многу на новите и идните мајки.