КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Чистиот дом е чиста среќа: Пролетното чистење може да биде забавно

 

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 7 Мин.

3/31/2025

Чистењето е сега задоволство

Штом првите силни сончеви зраци блеснат низ прозорецот, јасно е - пролетта конечно пристигна! А со пролетта пристигнува и нашата мисија: Пролетно чистење!

Балансирањето на домаќинството со животниот стил, работата, партнерот и децата е честопати предизвик. Кој ги става алиштата во машината за перење? Кој ќе ги стави садовите во машината за миење садови? Бришење прашина, правосмукање на домот....и уште многу други работи одеднаш се појавуваат на дневен ред.

Наш совет: Направете план за чистење! Кај некои домаќинства може направи вистински чуда. Се разбира, не секогаш има доволно време во сите ситуации да се грижиме за хигиената на просторот за живеење, особено кога е многу попримамливо едноставно да се потоне во каучот по долг ден на работа. Но, чистењето е многу полесно со вистинскиот прибор. Со реномирани брендови како што се Ajax, Frosch, Denkmit и останати секогаш сте добро опремени за следната акција за чистење. А кај нас ќе најдете повеќе од 750 производи наменети токму за тоа.. чист дом и чисти алишта. Останува само да ја пуштите гласно омилената музика и да започнете!

  1. AJAX универзално средство за чистење, 1 л

    AJAX универзално средство за чистење, 1 л

  2. Denkmit средство за чистење теписи и тапацир, 600 мл

    Denkmit средство за чистење теписи и тапацир, 600 мл

  3. Frosch универзално средство за чистење, 1 л

    ARIEL капсули за перење, 14/1

  4. AJAX универзално средство за чистење, 1 л

    Denkmit пена за чистење WC школка, 500 мл

  5. Saugstark&Sicher кујнски бришач 3-слојни, 4/1

    THE PINK STUFF универзално средство за чистење, 750 мл

  6. Denkmit средство за чистење стакло, 1 л

    Teta Violeta средство за чистење стакло, 1 л

  7. Denkmit средство за чистење WC школка, 750 мл

    Tesori d´ Oriente омекнувач за алишта, 760 мл

Крај на листата

За телото, умот и душата: Зошто пролетното чистење е навистина добро за сите нас

По мрзеливата и лежерна зима, понекогаш може да биде тешко да се реактивирате. Затоа, пролетното чистење е добра можност да ги доведете во форма и вашиот дом и вашето тело. Но, тоа не е сѐ. Во процесот на средување на домот, на некој начин се прочистувате и себеси, затоа што чувството кога конечно сè е чисто и уредно е едноставно бесценето.

proizvodi za citenje na domot

Планирањето е половина од работата: Обемна листа за пролетно чистење

Планирањето е важно за одлично пролетно чистење на домот, бидејќи заштедува време и нерви – затоа е важен камен темелник за добар почеток. 

За да го завршите проектот брзо, ова се средствата за чистење што дефинитивно треба да ги имате во вашата куќа за темелно пролетно чистење:

  • гумени ракавици 

  • крпи за чистење и сунѓери 

  • кофа со разреден универзален чистач 

  • правосмукалка 

  • хартиени марамици 

  • средство за чистење под или крпа за под 

  • средство за чистење стакло 

  • средство за отстранување бигор или алкохолен оцет 

  • стара четка за заби 

  • средство за чистење бања 

  • производ за нега на мебел 

  • спреј за дезинфекција и марамчиња за дезинфекција

Почнете позитивно: Направете го пролетното чистење навистина забавно

Планирање - завршено! Но, сепак се поставува прашањето: Кога е вистинското време да се започне со пролетно чистење? 

Мора да се признае, не секој ден е совршен за пролетно чистење. Најдобро е да го слушате вашиот личен инстинкт и да започнете со вашиот голем проект за чистење веднаш штом распоредот ви дава доволно простор и време за чистење и освежување на вашиот дом. Изберете ја вашата омилена плејлиста и можете да започнете полни со енергија и позитивна мисла! 

Подгответе ја вашата листа за проверка и сите потребни средства за чистење и размислете кои простории сакате прво да ги исчистите... и можете да почнете!

  1. Profissimo крпа за чистење бањи, 1 парче

    Denkmit течен сапун за отстранување флеки, 250 мл

  2. Profissimo крпа за чистење, 10/1

    Denkmit nature универзално средство за чистење, 100 мл

  3. Frosch универзално средство за чистење, 1 л

    Denkmit паста за чистење, 320 г

  4. AJAX универзално средство за чистење, 1 л

    Denkmit таблети за чистење WC школка, 16 парчиња

  5. Saugstark&Sicher кујнски бришач 3-слојни, 4/1

    Profissimo сет за бришење прашина

  6. Denkmit средство за чистење стакло, 1 л

    Profissimo сунѓер за миење садови со дозер, 1 парче

Крај на листата

Подобро е заедно: Пролетно чистење за големи и мали

Некои сакаат да прават голем хаос околу чистењето, други чистат уредно и систематски. На кој начин го правите пролетното чистење, полесно е да го правите тоа заедно. Затоа, вклучете го партнерот и децата во вашиот проект и мотивирајте се едни со други. 

Можете да ги делите задачите - во зависност од тоа кој што сака да прави и кој во што е најдобар. Голема предност: Кога ќе чистите заедно, сите заедно одлучувате што да фрлите, а што да оставите. Така, нема да има големи изненадувања доколку некој нема да може да си пронајде нешто низ домот подоцна.

Ready ... set ... go: Не секој почеток е тежок

На почетокот на големото пролетно чистење прво треба да се среди домот. Потоа, соберете ги сите предмети и работи кои сè уште не се на своето место и по можност подредете ги во кутии, кои потоа можете да ги означите. Непотребните предмети најдобро е веднаш да се отстранат, бидејќи сега е вистинското време да се разделите со непотребните предмети - што нè води до следниот совет.

Дали тоа ве прави среќни или може да исчезне?

Ако свесно погледнете околу вашите четири ѕида, ќе видите дека со годините се насобрале многу предмети. Како да се ослободите од сите непотребни работи?

Најдобро е да започнете со принципот „од лесно, кон тешко“: Така што сè она од кое лесно може да се разделите, што може да се скрши или едноставно повеќе не ви одговара, можете веднаш да го отстраните. Ќе видите дека ова е веќе голем чекор. Сето она од кое не можете лесно да се збогувате, најдобро постепено да го отстраните. Збогувајте се секој ден од една работа - вака, ослободувањето од непотребните работи ќе ви стане секојдневна навика, па со тек на време ќе ви стане многу лесно да се ослободите од она што не ви е потребно и нема веќе да чувствувате непријатен притисок. 

Од љубов кон Мајката Земја: Чистење и отстранување на непотребните работи на еколошки свесен начин

Свеста за животната средина е сè повеќе во фокусот и треба секојдневно да размислуваме за тоа како се однесуваме кон нашата планета. Дали навистина мора да биде пластичнo или направенo од штетни хемикалии или дали е достапна природна алтернатива? Може ли да го наполнам овој детергент или треба да купам ново шише? Како тоа го правеле нашите предци?

Внимание наместо оптоварување: Поштедете го вашето тело и исчистете лесно

Дали често чувствувате болка во секој мускул по чистењето или едноставно паѓате целосно исцрпени на каучот? Дали ви недостасува мотивација затоа што чистењето е навистина исцрпувачко? Тогаш треба свесно да размислите: Како всушност чистам и дали можам да си ја олеснам работата?

Обрнете внимание на вашето држење, дали непотребно ги виткате колената, премногу го виткате грбот или премногу ги издолжувате вратот и рацете - дали можете да ја редизајнирате работната висина во овие случаи? Дали е можно да се подигне даската за пеглање? Дали навистина треба сами да ги влечете кутиите или може да почекате додека не дојде некој да ви помогне? Дали има смисла да се качувате на стол, маса итн.? Или пак може да одвоите време да земете скала? Ваквите размислувања можат да избегнат несреќи и непотребна болка и значително да ја олеснат работата на чистење и средување.