КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Лесно отстранување на бигор

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 4 Мин.

1/3/2024

Reinigung von Armaturen

Бигорот е еден од најголемите непријатели на повеќето апарати за домаќинство. Ако редовно не го отстранувате од апаратите, како што се бокалот за вода и машината за кафе, машината за миење садови и машината за перење... тие може побрзо да се расипат. Дополнително, треба да знаете дека колку повеќе бигор се акумулира на апаратите, толку е поголема нивната потрошувачка на енергија.

Наслагите од бигор не се појавуваат само на апаратите за домаќинство, туку се видливи и на плочките и елементите во бањата и кујната. Овие наслаги се многу погодни за развој на бактерии, што е уште една добра причина зошто е потребна редовна контрола на нивното формирање.

Како брзо и лесно да се отстрани бигорот:

1. Чајот ќе биде повкусен доколку нема бигор во бокалот

Веројатно на сите ни е позната ситуацијата кога на бокалот му треба сè повеќе време за да ја загрее водата, а самиот грејач е обвиткан во бели наслаги од бигор. Тогаш дефинитивно е вистинското време да го отстраните.

Како?

  1. Наполнете го апаратот со доволно вода за да се осигурате дека целиот бигор е покриен.
  2. Варете вода како и обично.
  3. Додадете специјално средство за отстранување бигор што можете да го купите во вашиот dm или 1-2 чаши разреден раствор од лимон или алкохолен оцет и оставете го да делува половина час.
  4. Истурете ја целата течност од бокалот и исплакнете го темелно со чиста вода.

2. Убава облека и чиста машина за перење

Најдобро е редовно да додавате специјализирани средства за бигор во машината за перење, при перење. Можете да ги најдете во форма на таблети, гелови и прашоци. Овие производи ја омекнуваат водата и на тој начин ги штитат алиштата и машината за перење од бигор. Покрај тоа, редовната употреба на овие средства има еден несакан ефект, кој е истовремено практичен -  може да ја намалите количината на детергент.

Ако вашата машина за перење веќе има видливи наслаги од бигор, специјалните средства за отстранување бигор кои брзо ќе ги отстранат тврдокорните наслаги ќе бидат многу корисни. Можете да користите и лимонска или оцетна киселина, но бидете внимателни кога ги користите, бидејќи може да оштетат одредени делови од машината за перење (на пр. заптивките).

3. Продолжете го животот на кафематот

Оцетот и лимонот не се многу погодни за употреба во машини за перење, но се одлични за отстранување на бигорот од машините за кафе. Кога машината за кафе „звучи“ погласно од вообичаеното и испушта повеќе водена пареа, тоа е сигнал дека е неопходно да се отстрани бигорот.

Како природно да го исчистите кафематот со разреден алкохолен оцет?

  1. Помешајте мала шолја оцет со две чаши вода и истурете го растворот во машината за кафе.
  2. Вклучете ја машината за кафе и ставете во неа една шолја од подготвената смеса.
  3. Остатокот ставете го од прилика половина час, за растворот да може да делува.
  4. По истекот на времето, поминете го остатокот од растворот низ апаратот и измијте го темелно со чиста вода неколку пати.
  5. Наместо оцет, можете да користите и сок од лимон. Мирисот е поубав, но ефектот е малку послаб.

4. Брилијантна бања и кујна

Дамките од бигор лесно и брзо може да се акумулираат на сите површини кои доаѓаат во контакт со вода: мијалници, кади и тушеви, плочки и елементи во кујната и бањата. Алкохолниот оцет разреден со малку вода е добар за отстранување на водени дамки на различни површини, а уште подобри се специјализираните средства за бигор кои го содржат во својот состав, а кои можете да ги најдете на полиците во вашиот dm.