Досадно дома? Ние велиме: Не, благодарам!

dm дрогерие маркт
Време за читање 4 Мин.
•
1/3/2024

Сега конечно можеш да ги направиш сите работи кои ги одложуваш со години!
Многумина од нас во моментов го поминуваат поголемиот дел од времето дома во своите 4 ѕида. Оваа ситуација е сосема нова за сите нас. Навикнати сме да правиме многубројни активности, особено кога времето е убаво, како : пешачење, пиење кафе, јадење сладолед и многу повеќе. Во моментов се чувствувате како ,,ѕидовите околу вас да се рушат“? Тоа не мора да биде така! Ние ќе ти покажеме како можеш ова време да го искористиш, освен да гледаш телевизија, Netflix и слично.
1. Пробајте нови рецепти
Покрај нашето секојдневие и разновидни обврски, често немаме време, поготово за новитети во кујна. Кога последен пат сте пробале да зготвите нов рецепт? Токму тоа сега го можете! И најдоброто од сѐ: Повеќето состојки можете да ги најдете во вашата кујна дома.
Што велите за една брза панакота? Или пак сакате повеќе да експериметирате и да направите вкусна палента со шарена киноа и кари гулаш?
Дали повеќе сакате да испечете нешто? Тогаш дефинитивно треба да ја пробате тортата со овесни снегулки и јогурт. Но, доколку го сакате благото не само како десерт, ви го препорачуваме Choco – Bowl. Овој оброк со крцкава гранола не е само погоден за ужина, туку ви дава енергија и добро расположение рано наутро.
2. Чистење и средување на домот
Чистењето на прозорци и бришењето на подови одамна ви стои на вашата TO-DO листа? Планирате веќе со години да го средите подрумот, плакарот со алишта? Токму сега го имате потребното време за сѐ да средите!
Чистењето на прозорците како и на фрижидерот, вообичаено го одложувате. Сега е правото време за тоа.
Дали некогаш сте чистеле со хулахопки, стари чорапи или пак со паста за заби? Не? Со паста за заби плочките од бањата ќе заблескаат, а со старите чорапи навлечени на дланките и потопени во средство ќе успеете да ги исчистите и најнедостапните предели од вашиот дом. Пената за бричење и пеглата за коса можат многу повеќе отколку што мислите. Не верувате? Погледнете тука и дознајте и некои други интересни совети.
3. Рачните изработки се само за деца?
Детството одамна ни поминало, а со тоа и времето во кое безгрижно сме се забавувале со играње и креирање нови работи. Навистина ни било забавно! Помеѓу работата и слободните активности, ни недостасува време за да направиме нешто креативно. Користете го времето сега и поврзете го креативното со корисното!
Од празни ролни од тоалетна хартија може многу едноставно да се направи држач за кабли. Нередот од каблите во канцеларија, исчезнува брзо во овие креативни ролни.
Дали веќе одамна сте сакале да воведете ред во приборот за шминкање? Тоа можете да го спроведете многу лесно, користејќи исто така празни ролни од тоалетна хартија. Едноставно, креативно и убаво.
4. Да бидеме искрени: Дали користите редовно конец за заби?
Дали користите конец за заби - реченица која често ја слушаме кога ќе посетиме заболекар. За жал одговорот честопати е НЕ - немање време, мрзеливост и лоши навики.
Посветете им го потребното време на своите заби. Внесете го конецот за заби и течноста за уста во вашата рутина за нега на вашите заби, кои ќе ви бидат благодарни!
5. SPA дома
Многу време дома, значи многу време за себе! И од таа причина, имате многу време за нега на вашето лице. Дозволете си супер третман со омилената маска во сосема релаксирана атмосфера. Без разлика дали сакате освежувачки или маски за интензивна нега – изборот е голем.
Покрај маските за лице, можете времето да го искористите за обемен SPA ден дома. Од глава до пети. Опуштена бања, масажа и соодветен пилинг ја претвора вашата бања во велнес оаза!