КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Choco-Bowl со вкусна гранола

Choco-Bowl со вкусна гранола

Искористете го времето дома и дозволете си еден супер вкусен оброк со органски состојки. Пробајте да приготвите вкусен Choco-Bowl со крцкава гранола и уживајте.

Состојки за гранола:

  • 450 г dmBio овесни снегулки
  • 150 г сусам
  • 100 г бадеми
  • 3 лажици dmBio какао
  • 1 кесичка dmBio ванилин шеќер
  • 1 лажичка цимет 
  • 100 г dmBio кокосово масло
  • 100 г мед
  1. dmBio органско какао, 125 г

    dmBio

    органско какао, 125 г

  2. dmBio ванилин шеќер, 8 г

    dmBio

    ванилин шеќер, 8 г

  3. dmBio кокосово масло, 300 г

    dmBio

    кокосово масло, 300 г

  4. dmBio овесни снегулки, 500 г

    dmBio

    овесни снегулки, 500 г

  5. dmBio темно чоколадо 70% какао, 100 г

    dmBio

    темно чоколадо 70% какао, 100 г

  6. dmBio органски напиток од овес, 1 л

    dmBio

    органски напиток од овес, 1 л

Крај на листата

Choco-Bowl со вкусна гранола

Подготовка - гранола:

  1. Загрејте ја рерната на 160 степени. Обложете лимен сад со хартија за печење.
  2. Кокосовото масло и медот ставете ги во еден сад и на лесна топлина оставете да се растопат. Потоа тргнете ги.
  3. Во голем сад измешајте овесни снегулки, сусам, бадеми, какао, ванилин шеќер и цимет. Смесата од кокосово масло и мед претурете ја во овој сад и измешајте темелно.
  4. Целата смеса ставете ја во лимениот сад со хартија за печење, распределете ја убаво и направете малку притисок за да добиете поцврста смеса.
  5. Ставете го садот во загреаната рерна и печете 25 минути.
  6. По 15-ина минути измешајте ја гранолата. За рамномерен резултат при печењето, вртете го садот во рерната.
  7. Кога ќе забележите дека смесата добива потенма боја, изгасете ја рерната и извадете го садот.
  8. На смесата повторно направете притисок за да се зацврсти и оставете целосно да се олади пред да ја искршите на парчиња. Така гранолата ќе се „залепи“ повеќе и со тоа ќе добиете големи и вкусни парчиња.
  9. Целосно изладените мусли ставете ги во изолиран сад и консумирајте ги во период од 1 до 2 недели.
Choco-Bowl со вкусна гранола

Состојки за Chocko-Bowl:

  • 2 банани
  • 2 лажици мус од бадеми
  • 50 г dmBio овесни снегулки
  • 3 лажици dmBio какао
  • 100 мл dmBio напиток од овес

Topping:

  • Гранола
  • Мус од бадеми
  • dmBio темно чоколадо скршено на парчиња
  • Свежи овошки

Подготовка:

Сите состојки за Chocko Bowl ставете ги во блендер и миксирајте околу една минута. Доколку е премногу густа смесаста, додавајте напиток од овес по потреба.
Смесата поделете ја во 2 чинии и украсете со гранола, парчиња чоколадо, свежи овошки и уживајте веднаш.

Choco-Bowl со вкусна гранола