
Здрави и негувани во текот на зимата
Студената сезона го зема својот данок врз нашите тела бидејќи како што се намалуваат температурите, така се намалува и мотивацијата на нашата кожа да произведува себум, а нашата природна кожна бариера станува сѐ потенка и потенка. Време е со љубов да се посветите на правилната нега на кожата и добро да се грижите за себе.
Во текот на зимата, исто така, нашиот имунитет опаѓа. Избалансирана исхрана со витамини и минерали, правилни додатоци во исхраната како и редовна физичка активност се основните постулати за поздрав живот, посебно во зимската сезона.
Како поддржувачи на здравите навики и здравиот начин на живот, ви нудиме широк спектар на производи, за вашите потреби: од органска храна, додатоци во исхраната, протеини и протеински додатоци, како и производи со кои ќе си дозволите wellness spa нега во сопствениот дом. А во продолжение можете да погледнете дел од нив.
Пет вредни совети за нега на кожата во зима
Во зима, важно е да се користат нежни гелови за туширање наместо топли бањи, бидејќи високите температури можат да ја исушат кожата. Препорачливо е да се одлучите за хидратантни производи, како што се гелови со масла, кои помагаат во задржување на влагата. Лицето треба да се заштити со богати креми и масла, особено при ниски температури, за да се спречи сувост и иритација. За усните, изберете балзами со хидратантни состојки, како што се шеа путер и пчелен восок, и редовно обновувајте ја нега, особено ако сте на отворено.
Рацете исто така бараат посебна нега, па затоа е важно да имате крема за раце при рака и да ја нанесувате по миење. За многу суви раце, комбинирајте јогурт со мед и оставете да делува преку ноќ под памучни ракавици. Не заборавајте на стапалата – опуштете ги со топло стопало и нанесете богата крема за стапала за да спречите груба кожа. Топлата облека и ракавици се од клучно значење за заштита на кожата од надворешните влијанија.
Со овие совети, вашата кожа ќе остане хидрирана и заштитена и во најстудените зимски денови.
Додатоци во исхрана
Витамините и минералите играат есенцијална улога во подобрување на функциите на нашето тело во текот на целата година. Поготово во зимскиот период на имунолошкиот систем му е потребна посилна поддршка. А, благодарение на додатоците во исхрана, во интензивни и стресни ситуации можеме да го снабдиме телото со потребните витамини и минерали. Додатоците во исхрана се наоѓаат во разни облици, како капсули, таблети, шумливи таблети и тн. Дел од нашата понуда на додатоци во исхрана можете да погледнете во продолжение. Тука, посебно би сакале да ја истакнеме нашата сопствена dm marka Mivolis, која нуди докажан германски квалитет по супер цени.
Органска храна
Одмерена, балансирана исхрана, исто така има големо значење за нашата благосостојба. Кога станува збор за природниот имунитет, консумирање на здрава и органска храна може да има навистина добри ефекти. Покрај тоа што се неверојатно вкусни, органските производи не се третираат со пестициди и не содржат вештачки бои и ароми. Изобилуваат со големо количество на нутриенти и антиоксиданси, а со самото тоа имаат позитивни влијанија на нашето тело.
Спорт и спортска исхрана
Како што напишавме, активниот начин на живот, спортувањето и физичката активност се навистина важни за нашето здравје. Спортски-активните луѓе главно имаат зголемено енергетско побарување и честопати внимаваат на нивната исхрана. Затоа, протеинската храна со висок квалитет се користи за зголемување на перформансите. Протеинските штанглици од познати брендови и во различни вкусови се особено популарни кај спортистите како начин за брз внес на протеини. Протеинските напитоци се исто така добар начин за снабдување на вашето тело со потребната количина на протеини што се потребни за оптимално функционирање на мускулите, коските и имунолошкиот систем.