
За сите деца...
Зошто на детската кожа ѝ е потребна посебна нега од сонце? И на што треба посебно да внимавате? Без разлика дали во лето или во зима, децата едноставно уживаат во времето поминато надвор. И тоа е одлично – но притоа многу е важно да ги заштитиме од штетните сончеви УВ зрачења.
Детската кожа е посебно чувствителна
Детската кожа е многу чувствителна и затоа треба посебно да се заштити од сонцето. Бебињата генерално не треба да бидат директно изложени на сонце до првиот роденден. Дури и кај малите деца треба да ја применуваме оваа практика, директна сончева светлина што е можно помалку. Зошто? Бидејќи детската кожа сè уште не може да произведе доволно пигменти што ја штитат кожата од сонцето. Покрај тоа, младата кожа не може доволно да го поправи оштетувањето од штетните зрачења.
Заштитете ги децата од сонцето
Ова не значи дека штом сонцето сјае на вашето дете не треба да му дозволувате да игра надвор. Напротив, играта на свеж воздух го поттикнува и поддржува развојот на децата и формирањето на витамин Д. Сепак, важно е да го заштитите вашето дете од сонцето:
1.) Крем, крем и повторно крем
Немојте да бидете скромни при употреба на крем за сончање. Тука правилото е: Многу помага многу! Спрејовите се особено практични за деца. Истите можат да се применат брзо и лесно. Заштитата од сонце треба да заштити од УВ-А зраци и УВ-Б зраци. Не заборавајте да ставате крем на ушите, рацете, стапалата, лицето и вратот. Овие места се посебно ранливи. Водоотпорните производи исто така ги штитат малите палавковци додека уживаат во вода, но потоа заштитата мора да се обнови.
2.) Одберете ја правилната облека
Покривка за главата е задолжителна во лето! Капчињата што го штитат лицето и очите од сонцето се особено практични. Најдобро е дополнително да ги заштитите очите со очила за сонце со УВ заштита.
Маичките со голи рамења не се погодни за сонце. Наместо тоа, облечете им широки маички со кратки ракави. Рамената може да бидат посебно погодени од сонце и ова се деловите кои најчесто и први страдааат. Општо правило е дека темната облека пропушта помалку УВ зраци од светлата. Дополнително размислете и за чевлите. Со затворени чевли можете да спречите изгореници на задниот дел од нозете.
3.) Одберете сенка
Особено околу пладне, вашето дете не треба да биде изложено на сонце. Природната „дебела“ сенка од дрва е секогаш попрепорачлива, но доколку сте на плажа ова е ретка можност. Во вакви случаи можете секогаш да импровизирате со чадор за сонце.
Но, не заборавајте: Дури и во сенка не сте целосно заштитени од УВ зраци – затоа, навратете се на првото правилно: крем, крем и повторно крем!
Што е различно кај детските средства за заштита од сонце? На што треба да внимавате?
Специјалните креми за сонце за деца побрзо се апсорбираат, обезбедуваат хидратација и имаат висок фактор на заштита од сонце. Многу креми се исто така водоотпорни, што е особено важно за водените игри. Кога купувате, проверете дали производот е дерматолошки тестиран. Кога се комбинираат со сончева светлина, одредени состојки како конзерванси или мириси можат да предизвикаат нетолеранција.
Претпочитајте производи за сончање со минерален филтер. Ситните пигменти не навлегуваат во телото, туку лежат на површината на кожата како заштитен филм. УВ зраците на тој начин се рефлектираат од кожата како огледало.
И многу важно: бидете вие пример за вашите деца како треба правилно да се заштитат!