Изјава за заштита на лични податоци при процесот на аплицирање за работа во ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ Д.О.О.Е.Л. Увоз-Извоз Скопје
Ние, ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ Д.О.О.Е.Л. Увоз-Извоз Скопје со задоволство ја очекуваме вашата посета на нашата веб-страница и вашиот интерес за нашата компанија (во натамошниот текст: “ДМ„).
ДМ, како контролор на податоците во согласност со Законот за заштита на личните податоци (“Службен весник на РСМ„, бр. 42/2020 ) (во натамошниот текст: “ЗЗЛП„) многу сериозно ја сфаќаме заштитата на вашите лични податоци податоци и се придржуваме до законските одредби за заштита на податоците.
Со оваа Изјава за заштита на личните податоци при аплицирање за работа по пошта сакаме да ве информираме кои лични податоци ги обработуваме во ДМ како дел од процесот на аплицирање за работа.
Одговорност за обработка на податоци
Ние како ДМ сме одговорни за податоците на веб-страницата како и за податоците на кандидатите за вработување во нашата компанија. Ако сте аплицирале за работа во некоја друга компанија на групацијата ДМ, тогаш тие компании се одговорни лица во однос на заштитата на личните податоци.
Податоци за контролорот:
ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Ул. Даме Груев бр. 7, Општина Центар
1000 Скопје
Tел: 02/3222733
Факс: 02/3224407
Е-маил: info@dm.mk
ЕМБС: 6757685
ЕДБ: 4080012526359
Како ги собираме Вашите лични податоци, поднесување на апликација
Ние ги собираме Вашите лични податоци на следниве начини:
- Директно од Вас, кога ни го испраќате Вашето резиме (CV) и/или мотивациско писмо преку нашиот маил info@dm.mk, директно во нашите простории, преку пошта или преку нашата онлајн апликација во делот за кариера на нашата веб страна www.dm.mk;
- Од агенции или платформи за вработување преку кои аплицирате на нашиот оглас за вработување;
- Преку препораки пратени до нас во поддршка на Вашата апликација за вработување; или преку писмено или усмено комуницирање со Ваши поранешни и сегашни работодавачи и соработници, чии податоци сте ни ги доставиле за да ги контактираме да дадат препорака за Вас.
- Од други, јавно достапни, извори (профил на социјалната мрежа LinkedIn).
Вие немате законска и договорна обврска да ни обезбедите Ваши лични податоци при процесот за вработување. Сепак, доколку не ни дадете податоци за Вас кои се неопходни за објективно и информирано да ја оцениме Вашата апликација за вработување (како на пример, податоци за Вашата работна историја, академски квалификации, практични вештини), ние нема да можеме соодветно да ја обработиме вашата апликација за целите на вработување во ДМ.
Кои лични податоци за Вас ги собираме и ги користиме?
Генерално, во контекст на вашата апликација за вработување во ДМ, ние ги собираме, користиме и чуваме следниве категории на лични податоци за Вас:
- Податоци кои Вие ни ги доставувате со испраќање на Вашето резиме (CV) и мотивациско писмо или преку нивен внес во онлајн апликацијата, како ваши контакт информации, податоци за образование и стручна подготовка, работно искуство, вештини итн.
- Податоци може да вклучат копии од Ваши дипломи и сертификати за потврдување на Вашето образование и вештини .
- Податоци кои Вие ни ги доставувате за време на интервју, или преку тестирање за целитe на вработување. Овие податоци може да вклучат и резултати од тестирањето, и информации за Вашите претходни професионални ангажмани.
- Податоци релевантни за оцена на Вашите персонални карактеристики и професионални квалификации. Овие податоци се релевантни за оцена на Вашата компатибилност и на Вашите квалификации и вештини со потребите на ДМ.
- Податоци кои ги собираме од трети страни кои може да вклучат информации за Ваши претходни професионални ангажмани (кои ги собираме преку усмени и/или писмени препораки од ваши претходни работодавачи и соработници), информации за потврдување на Вашиот идентитет и квалификации (кои може да ги собираме преку веб порталот за вработување, со преглед на ваши профили на социјалната мрежа LinkedIn, итн.).
- Податоци за вашето здравје доколку е тоа потребно согласно законските прописи и/или доколку Вие доброволно ни ги доставите.
- Други податоци кои Вие дополнително и доброволно може да ни ги доставите
Повлекување на апликацијата
Може да ја повлечете вашата апликација во секое време. Може да побарате од нас да го сториме тоа (на пр. со испраќање е-пошта на info@dm.mk)
По повлекување на вашата апликација, ќе ги чуваме вашите податоци уште шест месеци за да можеме да одговориме на прашања и да решиме проблеми кои може да настанат последователно. По истекот на шесте месеци, вашите податоци соодветно ќе ги избришеме или анонимизираме.
За која цел ги користиме Вашите лични податоци?
- За да ги оцениме Вашите вештини, квалификации и соодветност за позицијата за која аплицирате, како и за понатамошно вработување
- За да ја утврдиме веродостојноста на податоците во Вашата апликација, да го потврдиме Вашиот идентитет, валидноста на Вашите дозволи, сертификати и дипломи, препораки, и општо Вашата персонална и професионална способност да ги остварувате обврските специфични за позицијата за која аплицирате.
- За да комуницираме со Вас во текот на процесот и да Ве информираме (по електронска пошта, СМС мобилна порака) за резултатот од оцената на Вашата апликација за вработување.
- За да Ви доставиме понуда за работа и договор за ангажман (вработување, дело, консултантска услуга), и други документи специфични за склучувањето соработка за работа
- За да постапуваме по поплаки, правни барања и/или законски обврски што може да произлезат во однос на Вашата апликација
- За администрирање на процесот на вработување во ДМ
По добивање на Вашето резиме (CV) и мотивациско писмо, ние ги обработуваме податоците од истите за да оцениме дали ги исполнувате општите услови и барања за вработување и за да бидете предселектирани за позицијата за која аплицирате. Доколку оцениме дека ги исполнувате овие услови, ние преминуваме на оценување на Вашата апликација, по основ на што ќе донесеме одлука дали да Ве поканиме на интервју и/или на тестирање.
Категории на корисници на кои може да се откријат вашите податоци
Пополнувањето на слободни работни места во ДМ се врши во соработка со одговорните вработени одговорни за управување со човечките ресури и вработени кои ќе бидат одговорни за нововработените во конкретниот оддел.
Ние можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со ДМ Дрогерие Маркт ДОО, Р. Србија и други членки во рамки на групацијата ДМ Дрогерие Маркт ако тоа е потребно за исполнување на погоренаведените цели, а врз основа на склучен договор за пренос и обработка на личните податоци.
Исто така, може да споделуваме Ваши податоци со трети страни чии услуги ги користиме како на пример консултански и професионални услуги за вработување и човечки ресурси, агенции за вработување, даватели на ИТ услуги, даватели на здравствени услуги.
Нашиот однос со третите страни е уреден врз основа на правно обврзувачки договор со кој е регулирано дека се преземени соодветните мерки на безбедност и сигурност на Вашите лични податоци.
Ние нема ги споделуваме вашите лични податоци со трети страни, освен со ваша согласност или врз основа на барање од полиција, суд, извршител, јавно обвинителство, или друга институција во постапка предвидена со закон.
Пренос на личните податоци надвор од ЕУ/ЕЕП
Личните податоци може да се пренесуваат во ДМ, Република Србија како трета држава надвор од Европската Унија или Европскиот економски простор.
Кога ДМ пренесува лични податоци во трети земји надвор од Европската Унија и Европскиот економски простор, ние преземаме соодветни мерки да осигураме дека при преносот се применува соодветно ниво на заштита на личните податоци, вклучително и преку склучување на договори за обработка на личните податоци (Стандардни Договорни Клаузули или други договорни клаузули).
Безбедност на податоците
Ние користиме технички и организациски безбедносни мерки за да ги заштитиме податоците што ни ги правите достапни од злоупотреба, губење, уништување и неовластен пристап. Преносот на вашата онлајн апликација за работа помеѓу вашиот локален пребарувач и нашиот портал за апликација за работа се врши преку сигурен https протокол. Нашите безбедносни и организациско-технички заштитни мерки континуирано се ревидираат во согласност со технолошкиот напредок.
Чување на личните податоци
Податоците од вашата апликација ќе бидат избришани најдоцна по истекот на 6 месеци по завршувањето на процесот за вработување за кој сте аплицирале или по приемот на вашето отповикување на апликацијата.
Доколку во моментот не можеме да ви понудиме слободни работни места, податоците од вашата апликација може да ги чуваме не повеќе од 6 месеци во нашата база на кандидати, како би можеле по потреба да ви понудиме некои други интересни работни места. Во тој случај, ќе побараме ваша согласност да ве вклучиме во базата на податоци на кандидатите.
Може да ја отповикате оваа согласност во секое време, кое отповикување ќе има ефект во иднина. Ова не влијае на законитоста на обработката врз основа на дадената согласност до моментот на отповикување. Нема да трпите никакви негативни последици доколку не сакате да бидете вклучени во нашата база на кандидати.
По истекот на утврдениот рок за чување на Вашите податоци за цели на вработување во истите ќе бидат безбедно избришани и уништени.
Споредба со податоците за вработените (за внатрешни кандидати)
Во случај на интерни кандидати, во поединечни случаи може да се направи споредба со вашите лични податоци кои веќе ги имаме зачувано (адреса, име и презиме, матичен број на вработениот, датум на раѓање, место/град, држава итн.).
При изборот на идни вработени, релевантни се само професионалните и личните квалификации, кои се оценуваат според истите критериуми и за внатрешни и за надворешни кандидати. Оваа споредба се одвива без оглед на видот на конкурсот и избраниот канал за комуникација.
Правен основ за обработка на лични податоци
ДМ ги собира и обработува вапите лични податоци врз основа на следните правни основи согласно закон:
Склучување и исполнување на договор: вашите лични податоци се собираат и обработуваат во процесот пред склучување на договорот и за цели на склучување на договорот за вработување
Исполнување на законска обрвска: во одредени случаи имаме законска обврска да ги обработуваме вашите лични податоци или да постапиме по барање на суд или друга надлежна институција.
Легитимен интерес: вашите лични податоци може да бидат обработени за легитимни интереси на ДМ, како што е администрирање и ефективно менаџирање на процесот на вработување, водење на судски постапки
Согласност: може да побараме ваша согласност за обработка на вашите лични податоци, која може да ја повлечете во било кое време и ова нема да има влијание врз законитоста на обработката пред согласноста да биде повлечена
Автоматизиран процес на одлучување, профилирање
Вашите лични податоци нема да се користат за автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, кое произведува правно дејство или да има друго значајно влијание врз Вас.
Кои се Вашите права во однос на заштита на личните податоци?
- Право да бидете информирани за обработката на вашите личните податоци
- Право на пристап до личните податоци и добивање на нивна копија
- Право на исправка и бришење на личните податоци ако се нецелосни и неточни, се обработуваат на незаконски начин и целта на нивна обработка е исполнета
- Право на ограничување на обработката на личните податоци, ако ја оспорувате нивната точност, законитост, се спротиставувате на нивно бришење и барате ограничување на нивната употреба
- Право на приговор за обработката на личните податоци кога тие се обработуваат врз основа на наш легитимен интерес.
- Право на преносливост на податоците, односно да ги добиете вашите лични податоци во структуиран машински читлив формат или да бидат пренесени на друга компанија, а кои се обезбедени на автоматизиран начин, врз основа на договор или ваша согласност.
Како да ги остварите Вашите права во однос на заштитата на личните податоци и каде може да најдете повеќе информации?
Доколку имате прашање, барање, или жалба во однос на обработката на Вашите лични податоци, Ве молиме да се обратите до нашиот офицер за заштита на личните, контакт телефон: 072 256 306 и e-mail: zlp@dm.mk.
Вие имате право да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на вашите лични податоци доколку сметате дека ви е повредено правото на заштита на личните податоци, преку следниот контакт email: info@privacy.mk.
Промена на Изјавата за обработка на личните податоци
Оваа Изјава за обработката на личните податоци редовно ќе се проверува и ажурира, соодветно на настанатите промени и активностите во друштвото.
Ова Изјава е донесено и/или последно ажурирано во Јуни 2022.