Сѐ за Тамара
dm советничка за убавина Тамара Мицевска Костадиновска

Како ја откри твојата љубов за шминкање? Од каде потекнува желбата?
Мојата љубов дојде уште во раните тинејџерски години гледајки „Youtube" makeup видеа кои ме инспирираа да експериментирам на моите најблиски.
Што значи за тебе шминката?
За мене шминката претставува истакнување на совршеноста на една жена.
Што ја поттикнува твојата креативност, каде ја наоѓаш инспирацијата?
Искрено, најмногу ме поттикнува одредена моја карактерна особина, а тоа е перфекционизмот што понекогаш знае и да биде напорен 😄
Што е најважно при изборот на шминка?
Тонот на кожата е на прво место, квалитетот на шминката и секако да знаеме што сакаме да постигнеме!
Најчести makeup грешки?
Ставање шминка на сува кожа, неправилно ставање на коректор и претерано исцртана уста...
Најважен beauty совет?
Секогаш после отстранување на шминка правете „double cleanse" на лицето.
5 beauty трикови кои секоја жена мора да ги знае?
- Секогаш истакнувај ги твоите најубави црти
- Користи прајмер пред да се нашминкаш
- Секогаш додавај контура на усните
- Пронајди ги соодветните производи кои ѝ одговараат на твојата кожа
- Нашминкај се соодветно на пригодата
Омилена техника за шминкање?
Marilyn Monroe look.