КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Сѐ за Симона

dm советничка за убавина Симона Цветковска.

sovetnichka za ubavina simona cvetkovska

Како ја откри твојата љубов за шминкање? Од каде потекнува желбата?

Мојата љубов кон шминкањето ја открив сосема слчајно од љубопитност. Желбата потекнува од тоа што сакав и бев заинтересирана да осознаам нешто повеќе во врска со шминкањето.

Што значи за тебе шминката?

Шминката за мене значи нешто без кое што не можам да си го замислам денот. 😊

Што ја поттикнува твојата креативност, каде ја наоѓаш инспирацијата?

Се инспирирам преку секојдневно доусовршување, постојано гледам туторијали и различни видеа за шминкање.

Што е најважно при изборот на шминка?

Пред сѐ најважно е шминката што ја користиме да биде соодветна за типот на нашата кожа.

Најчести makeup грешки?

Една од најчестите грешки според мене е дефинитивно лошата подготовка на лицето пред самото шминкање.

Најважен beauty совет?

Да не нанесуваме преголемо количество на шминка, со мисла дека така ќе ги покриеме несовршеностите коишто ги имаме.

5 beauty трикови кои секоја жена мора да ги знае?

Добро исчистено лице; Добра хидратација; Избирање на вистинската нијанса на пудрa; Избор на четка за поголема покривност; Избор на beauty blender  за помала покривност.

Омилена техника за шминкање?

Smokey eye и Reverse cat eye.

3 производи кои Симона ги има секогаш во чанта

  1. L’OREAL TELESCOPIC LIFT

    маскара

  2. MAYBELLINE SUPERSTAY MATTE INK

    течен кармин за усни

  3. CATRICE LIQUID CAMOUFLAGE

    коректор

Крај на листата