КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Сѐ за Марија

dm советничка за убавина Марија Вајдевска

sovetnik za ubavina marija

Како ја откри твојата љубов за шминкање? Од каде потекнува желбата?

Од можноста една личност да ја истакне својата природна убавина и да ги покрие своите мали несовршености.

Што значи за тебе шминката?

Истакнување на природната убавина.

Што ја поттикнува твојата креативност, каде ја наоѓаш инспирацијата?

Дефинитивно од секојдневно гледање на креативни видеа на TikTok кои ме инспирираат и ме поттикнуваат да испробувам различни makeup трендови.

Што е најважно при изборот на шминка?

Најважно е да се одреди типот на кожа и да знаеме за која прилика ни треба шминка.

Најчести makeup грешки?

Тука би го издвоила нанесувањето на голема количина на камена пудра која го фиксира лицето. Кожата треба да си го покаже природниот сјај, не треба целосно да ја матираме. И уште една грешка е употребата на мат коректор на кожа која е позрела.

Најважен beauty совет?

При изборот на пудра секогаш треба да ја пробаме на нашиот врат за да ја пронајдеме соодветната нијанса.

5 beauty трикови кои секоја жена мора да ги знае?

  1. За поубаво впивање на кремот, треба да ја масираме кожата при нанесување
  2. Заштитен фактор користиме и кога не е лето
  3. За да ги истакнеме очите треба да користиме земјени тонови
  4. Ако сакаме карминот да ни трае подолго, треба да ставиме и пудра во прав
  5. Нанесувањето на течна пудра е подобро да се направи со beauty blender

Омилена техника за шминкање?

Cut crease.

  1. MAYBELLINE SUPER STAY MATTE INK

    течен кармин за усни

  2. L’OREAL TELESCOPIC LIFT

    маскара

  3. s-he colour&style

    хартија за матирање на лицето, 50/1

Крај на листата