Сѐ за Ирена
dm советничка за убавина Ирена Пројческа Стојановска

Како ја откри твојата љубов за шминкање? Од каде потекнува желбата?
Уште од детството. Отсекогаш сум обожавала да се шминкам себеси, а и моите другарки, да истражувам новитети и техники во makeup светот.
Што значи за тебе шминката?
За мене шминката е уметност на слободно искажување на моето моментално расположение. Палета на емоции преточени во боите на сенките, карминот, руменилото...
Што ја поттикнува твојата креативност, каде ја наоѓаш инспирацијата?
Во личноста што треба да ја нашминкам, во нејзината енергија, стилот и ставот.
Што е најважно при изборот на шминка?
Да си го знаеш типот на кожа при изборот на течни пудри, прајмери, фиксатори и да знаеш која палета на бои (сенки, кармини, сјај за усни) одговараат на твојата боја на очи и тен.
Најчести makeup грешки?
Пренападни Smokey eyes, погрешно или пренападно нанесен бронзер и руменило, погрешна нијанса на течна пудра, лошо нанесен кармин.
Најважен beauty совет?
Секогаш грижи се за добра хидратација и нега на својата кожа со одличен избор на креми, серуми, лосиони и маски за лице.
5 beauty трикови кои секоја жена мора да ги знае?
- Секојдневно чистење на лицето – наутро и навечер
- Правење на пилинг на лицето 1 до 2 пати неделно
- Задолжително користење на заштитен фактор 365 дена во годината
- Користење на серум за длабински третман на лицето e must
- Правилен избор на дневен и ноќен крем.
Омилена техника за шминкање?
Halo eyes.