КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Сѐ за Биљана

dm советничка за убавина Биљана Стојановска

Биљана Стојановска

Како ја откри твојата љубов за шминкање? Од каде потекнува желбата?

Љубовта кон шминкањето ја открив многу одамна, уште во тинејџерските години кога јас бев таа што секогаш пред излегување обожаваше да ги шминка другарките, испробувајќи различни техники и истите да ги фотографира. Желбата беше и остана иста како и тогаш, за што е доказ и мојата моментална работа - преку шминка да го истакнам најдоброто од себе.

Што значи за тебе шминката?

Можност на секоја жена да си ја истакне својата убавина на најдобар можен начин.

Што ја поттикнува твојата креативност, каде ја наоѓаш инспирацијата?

Мојата креативност ја поттикнува самата шминка, што ми дава можност преку неа да се изразам на уникатен начин, и со самото тоа што некому можам со мојата работа да му го подобрам денот, расположението, самодовербата... Ова ми дава инспирација постојано да се надоградувам и вложувам во тоа што го работам.

Што е најважно при изборот на шминка?

Правилниот избор на производите што ќе се користат во текот на шминкањето, кои ке бидат соодветни за самиот клиент и поводот за којшто истата таа шминка е наменета.

Најчести makeup грешки?

Па има многу, ама можеби овие би ги издвоила како најчести: грешна нијанса на пудра, прецртување на устата, пренагласени веѓи, премногу руменило, пренападна шминка.

Најважен beauty совет?

Најважен beauty совет за секоја девојка е соодветна подготовка на кожата на лицето (skincare routine) пред нанесувањето на шминка, којашто ќе овозможи подолготраен и поубав изглед.

5 beauty трикови кои секоја жена мора да ги знае?

  1. Користење на пудра во прав наместо камена со цел да се избегне нагласувањето на ситните брчки
  2. Ставање на трепки само на краевите на окото за да се добие ефект на закосени очи
  3. Нанесување фиксатор на beauty blender-от за подолготрајност на пудрата
  4. Нанесување на мат прајмер во Т-зоната, доколу имате масна кожа
  5. За подолги и погусти трепки, нанесете пудра во прав пред шминкањето на очите

Омилена техника за шминкање?

Baking техника за шминкање којашто го измазнува и изедначува тенот и ја фиксира шминката со што ја прави постојана со часови. Оваа техника има за цел да го матира и „испегла" лицето.

Кои 3 beauty производи задолжително мора една девојка да ги поседува?

Тоа би биле моите омилени производи 😊 Max Factor Colour Elixir течен мат кармин за усни, Aura Powderful пудра во прав и AURA четка за нанесување пудра во прав..