КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Прочитајте и информирајте се

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРЕЗЕМЕНИ ОД СТРАНА НА КОМПАНИЈА dm drogerie markt

Во согласност со мерките за заштита донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија со цел потиснување и спречување на ширењето на вирусто (КОВИД 19), компанијата го промени работното време на своите продажни  објекти. Во работните денови од понеделник до петок, продажните објекти на dm, вклучително и во трговските центри ќе отвораат во 08:00 часот и ќе работат до 17:30, додека во сабота ќе работат во период од 08:00 до 13:30 часот. Во недела нема да работат. Деталните и актуелни работни времиња на сите наши дрогерии може да се погледнат на следниот линк: dm.mk/prodavnici. Константно се следат сите нови мерки за заштита од страна на Владата и реагираме во согласност со истите. Оттаму може да дојде до нови измени на работните времиња на нашите продажни објекти. Информациите редовно се ажурираат.

„Компанијата dm drogerie markt вo понуда на своите сограѓани им нуди голем број на производ кои се наменети за задоволување на секојдневните потреби, како што се храна и производи за нега на бебиња, органска храна, сертифицирана безглутенска храна и додатоци во исхрана, производи за лична хигиена, како и производи за чистење и дезинфекција.  Во  согласност со ова нашите дрогерии ќе продолжат да работат, по потреба со измена на работните времиња. Поради преземање на сите мерки на претпазливост, ги советуваме граѓаните да се придржуваат до препораките во кои спаѓаат и зголемена хигиена на рацете, држење на растојание во дрогериите, по можност, плаќањето да го вршат со платежни картички наместо во готовина“, изјави Александра Оливера Кориши, директорка на dm drogerie markt во Србија и Северна Македонија.

Со цел зачувување на јавното здравје компанијата dm drogerie markt ќе продолжи да работи со исполнување на сите препорачани безбедносни стандарди кои подразбираат зголемено одржување и редовна дезинфекција во сите продажни објекти како и централата. Покрај тоа во самите продажни објекти е укинато користењето на тестери од производите, како мерка на претпазливост повлечени се сите печатени материјали, поставени се бележници за одржување на растојание на подот, а воедно поставени се и известувања за препораките и мерките на превенција кои се пропишани, со цел спречување на понатамошно ширење на корона вирусот. Вработените во dm дрогериите, како би им се обезбедила дополнителна заштита за самите нив но и за потрошувачите носат ракавици и заштитни маски. Дополнително на сите каси во dm дрогериите се поставени заштитни прегради како додатна превентивна мерка за заштита како на вработените така и на потрошувачите. Дополнително се разгледуваат сите мерки кои покрај и сега силната заштита,  компанијата може да ги обезбеди.  

„До сега имаме одлична соработка со надлежните органи и домашните партнери, како би можеле на што повисоко ниво да ги одржуваме мерките за безбедност и долгорочно да обезбедиме снабдување во сите dm дрогерии“, истакна Александра Оливера Кориши. 

На вработените од различните административни сектори им е овозможена можност да работата од своите домови со обезбедување на неопходните ИТ уреди, а сите состаноци и понатаму ќе продолжат да се одвиваат исклучиво преку видео јавувања, маил или телефонски. Сите деловни патувања, состаноци и едукативни семинари се благовремено одложени.  

„Апелираме на купувачите да останат одговорни и да се грижат за себе, но и да се грижат за другите. До сега нашата деловна водилка беше дека како друштво заедно можеме сѐ, па веруваме дека сите заедно ќе покажеме солидарност во овие предизвикувачки околности со кои се соочуваме” додаде директорката на компанијата Александра Оливера Кориши. 

Во С. Македонија во моментов има 17 дрогерии, од кои 12 во Скопје и по една филијала во Тетово, Велес, Штип, Куманово и Битола .

Контакт за медуиуми:

dm drogerie markt
Кристина Дуранска
Маркетинг менаџер 
Mob: +389 71 369-595
Tel:  +389 2 322-2733
Mail: kristina.duranska@dm.mk