КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
  1. 6116DXX1

Крај на листата

Чекор по чекор до вашиот дом

Пред да го држите во рака готовиот производ, тој проаѓа низ многу различни производствени чекори. Во продолжение ќе ги погледнете сите чекори на производството на вашиот производ и ќе ги запознаете луѓето кои учествуваат во истите.

  1. Weltkarte
  1. Station 1

    → Одгледување и берба

  2. Station 2

    → Обработување

  3. Station 3

    → Нашите партнери во производството и добавувачите

  4. Station 4

    → Од нас до вас

Крај на листата

Anbau & Ernte Jackfruit

1. Одгледување и берење, Хосагунда, Карнатака, Индија

Џекфрут е растение црница и потекнува од тропските земји. Главно се одгледува во Индија, Тајланд, Бангладеш, Индонезија, Непал и Шри Ланка, а често се користи како замена за месо во Европа. Џекфрут првично доаѓа од јужна Индија, но сега се одгледува и во други тропски земји со слична клима. Џекфрутот во нашиот dmBio производ, доаѓа од индиската држава Карнатака.

  1. Повеќе од 1200 мали земјоделци го одгледуваат егзотичното овошје во Хосагунда и соседните подрачја за одгледување. Поединечните поседи се прилично мали, околу 4-8 хектари.

  2. Малите земјоделци се здружуваат во заедници, што со себе носи бројни предности. Здружувањето придонесува кон тоа процесите да бидат поефикасни, ресурсите се делат, а процесите за сертифицирање се спроведуваат еднообразно. Преку заедниците, земјоделците добиваат и бесплатна обука и биодинамично ѓубриво.

  3. Рамеш (42) ѝ доставува на заедницата џекфрут од 2011 година. Освен џекфрут, одгледува и кокосови ореви и просо. Рамеш фармата ја претворил во биодинамична во 2008 година. Истакнува колку е важен секој поединечен чекор во одгледувањето за во конечниот резултат да се постигне висок квалитет.

  4. Сантош има 38 години. Од родителите ја преземал фармата. Поради лични уверувања, во 2012 започнал со биодинамично обработување на полињата. Сантош првенствено одледува џекфрут, тамаринд, индиски ореви, просо и кокос. И Рамеш и Сантош гордо укажуваат дека од 2019 година одгледуваат нова сорта џекфрут која содржи помалку леплив сок, што ја олеснува дополнителната обработка.

  5. Џекфрут расте на стеблото од дрвото. Годишно во просек дава 250 плодови. Плодот може да биде висок до 100 цм и тежок 50 кг. Џекфрут расте од септември до февруари. Плодовите растат во текот на целата година, но главниот период на берба е од април до мај и од декември до јануари, што е резултат на краткиот период на цветање во текот на врнежливата сезона.

  6. Незрелите плодови се берат по отприлика 80 дена. Тоа се прави со помош на телескопски срп кој овозможува берба на плодовите директно од земја, за земјоделците да не мора да се качуваат на дрво. Ваквиот начин на берба, значајно ја зголемува нивната безбедност.

  7. Во овој момент плодовите уште немаат развиено никаква слаткост – незрелата пулпа има неутрален вкус, што е идеално за користење како замена за месо. Од друга страна, зрелото овошје има вкус на мешавина од манго, банана и ананас.

  8. Џекфрутот се состои од различни делови на растенија. Внатрешната пулпа која ги опкружува семките ботанички се вика „луковица“. Тие залистоци се всушност ливчиња од џекфрут.

  9. Свежо обраните млади плодови од џекфрут се довезуваат привремено во магацинот на заедницата, а оттаму се сортираат и транспортираат до местата за обработка.

  10. Шива Кумар има 48 години и работи во заедницата од 1999 година. Како теренски службеник, Шива е во постојана комуникација со земјоделците и редовно е на лице место на нивните фарми. Тој ги обучува и советува за еколошкото одгледување. Земјоделството многу му значи на Шива, а во иднина би сакал да може и понатаму да го пренесува своето знаење и ентузијазам за органско одгледување во соработка со земјоделците.

Крај на листата

Frau bei der Bearbeitung

2. Обработка, Бенгалуру, Карнатака, Индија

Во индиската држава Карнатака, каде се одгледува џекфрут, исто така се обработува, конзервира и етикетира. Тоа значи дека голем дел од додадената вредност останува во Индија.

  1. Кога џекфрутот ќе пристигне на местото за обработување во Бенгалуру, прво е подлежен на инспеција. Се проверува квалитетот и плодовите повторно се сортираат согласно степеност на зрелост.

  2. Џекфрутот прво се лупи...

  3. .. А потоа се сече на мали парчиња. Кората и сите останати делови кои не се јадат, се издвојуваат и се користат за компостирање или производство на ѓубриво.

  4. Овошјето, претходно исечено на парчиња, се бланшира.

  5. Во следниот чекор, овошјето се натопува во саламура и се полни во конзерви.

  6. Лименките се затвораат и автоклавираат. Тоа значи дека тие и нивната содржина се изложени на температурата и притисок – како во експрес-лонец. Што значи дека се сигурно стерилизирани.

  7. За да осигура квалитетот, робата поминува низ различни лабораториски тестови и дополнителна завршна инспекција при пакувањето на палетите за транспорт до пристаништето во Ченаи. Оттаму оди со брод во Хамбург.

  8. Харшита има 23 години и од 2019 година работи во заедница за преработување на Џекфрут. Таа е одговорна за тоа секоја лименка да биде означена со точни податоци, како што е серискиот број или датумот за рок на траење. Она што Харшита посебно го сака во својата работа е координацијата и разговорот со колегите. Има големи амбиции за понатамошен професионален развој во компанијата.

  9. Вији, 51, е оперативен менаџер. Она што посебно го сака во нејзината работа е поддршката и зајакнувањето на жените. Со работа во фабриките, жените стекнуваат одреден степен на независност, имаат сопствени фиксни и редовни примања и не зависат од семејството или од сопругот, па можат да водат самостален живот. Заедницата исто така поддржува школување на децата на вработените и сигурен пристап до образование.

Крај на листата

Unser Herstellpartner & Lieferant

3. Нашиот производствен партнер и добавувач, Берлин, Германија

Нашиот производствен партнер е специјализиран за вегански деликатеси направени од избрани висококвалитетни органски состојки. Иновативност, кулинарски задоволства и уживање во мирна совест се во фокус на неговите производи. Општествената и еколошката одржливост, како и етичкото делување се главни грижи за нашиот производствен партнер, што се одразува во ланците за снабдување и соработката со неговите добавувачи. Нашиот парнтер се потпира на дијалог со земјоделците, плаќа соодветни цени и ги поддржува со обука и сертифицирање. Тој е сигурна врска меѓу dm и заедниците во Индија.

Verteilzentrum dm

Од нас до вас

Од дистрибутивниот центар, dmBio џекфурт во лименка ја започнува завршната фаза на својот пат до нашите дрогерии. Кога ќе стигне на дестинацијата, се става на полици каде може да го пронајдете следниот пат кога ќе одите на пазарување.

Проекти кои ги поддржува: 

Verbesserung ökologischer Anbausysteme mit Baumkulturen Projekt

Подобрување на составот на органското земјоделство со помош на проектот за одгледување на дрвца

Заедно со индиската заедница, нашиот партнер во производството го започнал проектот за подобрување на органското земјоделство во Индија. Целите на проектот вклучуваат сузбивање на деградацијата на земјиштето, зголемување на биолошката разновидност и овозможување на малите земјоделски семејства во и околу Хосагунда да остварат зголемен, стабилен приход преку диверзификација и зголемена продуктивност. Земјоделците се потпираат на садењето на млади дрвца и обучување за одгледување, агрошумарство и општо за добрите земјоделски пракси. Проектот ќе обнови 250 хектари деградирано шумско земјиште со садење на 25.000 стебла во  областа Карнатака, посебно во Хосагунда. До 2000 луѓе би требало да бидат обучени додека трае проектот и по него. За таа цел, ќе се изгради одгледна фарма, а проектот ќе се поврзе со постоечкиот информативно-образовен центар.