КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Сертифицирана природна козметика

Природна козметика

Природната козметика повеќе не е тренд, туку начин на живот. За ова придонесоа многубројни брендови, како alverde, со нивните разновидни асортимани. Во случајот на природната козметика, нивните висококвалитетни состојки доаѓаат до израз, како што се алое вера, дива роза, органска брусница или невен. Дури и оние кои имаат најсложени барања за нега на нивната кожа, нема да останат рамнодушни на придобивките што ќе ги обезбедат овие состојки. 

Што всушност значи природна козметика? 

Бидејќи поимот природна козметика не е рамномерно дефиниран, различните сертификати и печати може да бидат корисни за вашата ориентација. Сите производи кои имаат ознаки за природна козметика, мора да исполнуваат одредени критериуми и да исполнуваат високи стандарди во производството. Етикетите не само што служат за влевање доверба кај купувачите, туку претставуваат и гаранција и транспарентност во однос на природната козметика. 

Нега од глава до пети на природен начин 

Во продавниците на dm имате толку голем избор на природна козметика што вашата секојдневна рутина за нега и убавина може целосно да ја покрие со висококвалитетна природна козметика. Кога велиме „нега од глава до пети“, мислиме првенствено на природната козметика alverde, нашиот бренд.  

Природна шминка 

Секоја жена сака да биде природно убава и да ги нагласи своите најдобри страни. Природната убавина и природниот изглед најдобро се постигнуваат со природна шминка. Сега има одличен избор во оваа област, бидејќи cè повеќе жени се свртуваат кон еколошки козметички производи кои се понежни за кожата од конвенционалните. Затоа во нашите продавницинудиме широк избор на шминка од природно потекло. Од подлога, пудра и руменило до коректор, сè е вклучено во совршената шминка за лице на врвните брендови како што е alverde. 

Предности на природната шминка 

Вистинската природна козметика не се произведува само на еколошки начин, туку и без тестирање на животни. Благодарение на нивните природни состојки, производите се особено нежни за кожата, а со тоа и погодни за лица со алергии. Шминката на лицето во областа на природната козметика не содржи вештачки мириси, бои и конзерванси. Природните минерали содржани во пудрата ги измазнуваат нечистотиите на кожата и обезбедуваат изедначен тен. 

Преминување на природна козметика

Природните состојки се компатибилни со природните процеси на телото и не се агресивни. Некои од состојките во природната козметика ги стимулираат процесите на природно чистење и регенерација. Затоа, можно е во текот на овој процес, на површината на кожата да „излезат“ симптоми на претходни кожни заболувања, кои дотогаш биле потиснати со употреба на несоодветни козметички препарати. Овие симптоми може да се појават во форма на акни, црвенило и првут. Периодот на приспособување на новиот начин на нега зависи од типот и состојбата на кожата и може да трае неколку недели.

Преминувањето од конвенционална на природна козметика е процес кој долгорочно ќе го подобри изгледот на вашата коса и кожа. Освен што придонесуваат за општата благосостојба на вашето тело со природната козметика, нивното пакување често се прави од рециклирани материјали, па со купување на природна козметика учествувате и во зачувувањето на животната средина.

Истакнати производи

  1. Liu Jo Silkway парфем за жени, 30 мл

    alverde спреј за лице 3 во 1 Summer On The Go, 50 мл

  2. Denkmit гел за чистење бањи, 750 мл

    alverde кремасто руменило во стик Summer On The Go 10, 5,5 г

  3. bugatti dynamic move black парфем за мажи, 30 мл

    alverde хајлајтер во стик Summer On The Go 20, 5,5 г

  4. alverde бронзер во стик Summer On The Go 20, 5,5 г

  5. alverde балсам за усни Summer On The Go Peptide 30, 15 мл

Крај на листата