КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Одржлива нега на тело во dm

Одржливиот асортиман за нега на тело во dm се протега од лосиони за тело, нега на коса до креми за сончање. Во секоја област, dm нуди одржлива алтернатива, во согласност со мотото „Добро за мене, добро за животната средина“. Во исто време, не постои страв дека асортиманот на одржлива нега ќе има лош ефект врз вашиот паричник. Одржливите производи за нега на тело од dm марките нудат повеќе еколошки производи по ниски цени.

Одржлива нега од глава до пети

  1. alverde шампон, 200 мл

    alverde

    шампон, 200 мл

  2. alverde тврд шампон, 60 г

    alverde

    тврд шампон, 60 гl

  3. alverde лосион за тело, 250 мл

    alverde

    лосион за тело, 250 мл

  4. alverde масло за лице дива роза, 15 мл

    alverde

    масло за лице дива роза, 15 мл

Крај на листата

Вљубени во одржливоста

Со одржлива нега на телото, бањата станува зелена спа оаза, исполнета со мириси и производи за нега сè до врвовите на косата. Од удобноста на која сме навикнати и од широката палета на производи воопшто не се одрекнуваме ! Одржливите варијанти на производи носат со себе толку многу различни мириси. Одржливите производи за нега на тело ги задоволуваат потребите на различни типови на нашата кожа и коса. Повеќе волумен, посјајна или помазна коса - Мајката природа нуди совршено решение во форма на одржливи производи за сите наши барања и потреби.

Нега на цело тело

Нашето тело го заслужува само најдоброто, а тоа е нега со одржливи производи. Природните состојки со беспрекорен квалитет, се внимателно одбрани и комбинирани за да се создаде токму она што ви треба. Кога станува збор за одржлива нега на телото, вештачките адитиви како силикони, парабени и парафини свесно се избегнуваат. Природата е таа што ни обезбедува сѐ за совршена нега, а наше е да ѝ ја вратиме довербата. Со помалку материјал за пакување и помалку хемикалии, одржливата нега на телото може да ја заштити не само нашата кожа, туку и животната средина.