КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Пуштаме брк, бркаме здравје“ – повеќе од 50 велосипедисти и голем број граѓани ја возеа големата велосипедска рута во форма на БРК!

Velosipedska trka

По повод меѓународниот ден на мажите, на 19 ноември во организација на dm дрогерие маркт се возеше велосипедската рута во форма на БРК под мотото: “Пуштаме БРК, БРКаме здравје!”, која опфати нескромни 100 км.

Повеќе од 50 спремни велосипедисти, ентузијасти и професионалци, го поддржаа овој спортски предизвик со цел подигнување на свеста за важноста на машкото здравје, како и важноста на првиот самопреглед. „Пуштаме брк, бркаме здравје“ со себе носеше моќна порака која допре до многумина кои го прифатија овој предизвик, со чиј ангажман и посветеност беше одбележан Интернационалниот ден на мажите и машкото здравје. Со овој настан компанијата ја круниса кампањата за машко здравје и го даде својот придонес во подигнување на свеста за превенција и лекување на ракот на тестиси и простата.

На хуманитарната рута во должина од 100 км, збирно место беше Градскиот Парк - пред ‘‘Школка’’ , а се возеше низ Скопје и неговата околина во симболична форма на мустаќ. Целата извозена рута можете да ја погледнете на апликацијата „Strava“.

„Навистина сме позитивно изненадени од големиот одзив на заинтересирани граѓани кои земаа учество на оваа хуманитарна рута и сме неизмерно благодарни на сите кои решија својот слободен ден да го поминат заедно со нас, во постигнување на една повисока цел. Среќни сме дека со секој свртен педал сме сѐ поблиску до остварување на целта кон која се стремиме како општествено одговорна компанија. Подигнувањето на свеста за машкото здравје бара посебна посветеност и работа, а токму на тоа посветено работиме и се трудиме да  го постигнеме со ваквите заложби. Од година во година сведочиме сѐ поголем интерес за овие теми, а токму ова претставува поттик за нас да продолжиме да работиме посветено на развој на свеста за мажите и нивното физичко и ментално здравје“ -изјавија од Компанијата.

На следниот линк, може да погледнете целата рута, а фотките ќе ви ја пренесат атмосферата и енергијата која владееше овој ден.  Оваа извозена 100 – ка во форма на БРК е само доказ дека мажите освен грижата за нивните бркови, се грижат и за своето физичко и ментално здравје.

Крај на листата