КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

11 земји од dm концернот сега се присутни и на TikTok

TIKTOK

Интернационален Social Media настан во Прага

dm дрогерие маркт заедно со партнерот „cosnova“ минатата седмица организираа интернационален TikTok настан во Прага. Во рамки на интерактивниот евент, инфлуенсери и уметници од десет dm земји создадоа содржина за постоечките и новите TikTok канали за dm концернот.

Прага, 13.10.2023 – Во рамки на Social Media настанот кој го носеше името „Press Play For Colour“ dm заедно со партнерот „сoѕnova“ ги пречека 14-те национално познати контент креатори и 10–те  уметници од 10 различни dm земји. Инфлуенсерите заедно со уметниците создадоа beauty look-ови и уметничи дела, кои следачите можеа да ги погледнат на TikTok и Instagram каналите на тие земји. Хајлајт на вечерта беше официјалниот почеток на новоотворените TikTok канали во Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, С. Македонија, Словачка, Словенија и Србија. Земјите прославија во весела и шарена атмосфера со забавна музика со DJ. Дел од програмата беше и live концертот на познатата чешка група Lake Malawi, а неколку земји емитуваа и dmLIVE емисија на локалните „Мој dm“ апликации.

Отсега, сите 11 земји кои се дел од dm концернот се достапни на видео платформата TikTok, каде следачите ќе може да гледаат кратки видеа од dm светот на темите: beauty, домаќинство и новитети.

И dmMK отсега на TikTok

dmMK овој септември го отвори официјалниот TikTok профил, кој го прослави и официјализира на шарениот настан „Press Play For Colour“. „Особено сме среќни за можноста која ја нуди оваа видео платформа, а  тоа е поврзување со помладите корисници на социјални мрежи. Ќе настојуваме да создаваме содржина која е привлечна, забавна, инспиративна, но и важна за генерацијата Z’’, изјавија од компанијата. Профилот на dmMK може да го пронајдете тука: dm_makedonija (@dm_makedonija) | TikTok