РЕОТВОРАЊЕ НА dm ВО ТЦ ВЕРО ЦЕНТАР: УШТЕ ПОУБАВА ДРОГЕРИЈА НА СТАРО МЕСТО
Со големи попусти и забавна атмосфера со DJ, dm на 27 јуни ја отвори својата уште поубава, реновирана дрогерија во ТЦ Веро Центар.

Дрогеријата во ТЦ Веро Центар која се отвори во 2013 година, по единаесетгодишно работење, на средината на месец мај беше затворена заради реновирање. По повеќе од еден месец, повторно ќе може да пазарувате во оваа дрогерија, во најголемиот дрогериски ланец во Европа и да уживате во докажаниот германски квалитет по поволни цени.
Во новиот модерно опремен продажен простор со површина од 282,48 m2, купувачите може да ги пронајдат производите кои ги посакуваат од богатиот асортиман на dm со повеќе од 14.000 производи, во кој има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, па сѐ до производи за хигиена во домот и нега на алишта.
Отворањето беше проследено со -15% проценти попуст на апсолутно сѐ. Дополнително, купувачите на денот на отворањето добија подароци: со секоја сметка над 500 ден. – подарок торба за пазарување, со секоја сметка над 700 ден. – подарок Denkmit влажни марамчиња за чистење, со секоја сметка над 1.999 ден. – подарок пешкир за плажа.
Освен наведените поволности, во период од 27.6 до 30.6.2024 купувачите во оваа дрогерија можат да пазаруваат со попуст од -15% НА АПСОЛУТНО СЀ, кој се премсетува на каса.
Својот нов деловен успех, dm како општествено одговорна компанија и овој пат го сподели со заедницата во која делува. Така, на денот на отворањето тие врачија донација во износ од 120.000 денари во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, Скопје.
Од компанијата велат дека се особено среќни што континуирано ги задоволуваат потребите на купувачите и им овозможуваат пазарување во одлична атмосфера и со многу поволности, а во иднина ќе продолжат да ги слушаат и остваруваат сите нивни желби, благдоарение на богатата понуда на производи!