Реотворање на dm во ТЦ East Gate Mall: Уште поубава дрогерија на старо место

Со големи попусти и забавна атмосфера со DJ, dm на 29 септември ја отвори својата уште поубава, реновирана дрогерија во ТЦ East Gate Mall. Со ова, dm покажа дека е компанија која секогаш се труди на своите купувачи да им обезбеди најпријатна атмосфера и услови за пазарување.
Дрогеријата на dm во East Gate, на крајот на месец август беше затворена заради реновирање. По еден месец, повторно ќе може да пазарувате во оваа дрогерија, во најголемиот дрогериски ланец во Европа и да уживате во докажаниот германски квалитет по поволни цени.
Старо-новата реновирана дрогерија се простира на 393,45 m2 продажен простор, а магацински простор и помошен простор 76,45 m2. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.
Отворањето беше проследено со попуст од -15% на апсолутно сѐ, кој ќе трае до 2 октомври, а добрата забава и хуманитарната активност не беа изоставени и овој пат.
Имено, како општествено-одговорна компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, и која помага во средината во која делува, по повод реотворањето на својата дрогерија во ТЦ East Gate Mall dm донираше 114.000 денари кон ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ - Општина Аеродром, Скопје.