Реотворање на dm во ТЦ Capitol Mall: Уште поубава дрогерија на старо место

Со големи попусти и забавна атмосфера со DJ, dm на 5 септември ја отвори својата уште поубава, реновирана дрогерија во ТЦ Capitol Mall. Со ова, dm покажа дека е компанија која секогаш се труди на своите купувачи да им обезбеди најпријатна атмосфера и услови за пазарување.
Дрогеријата на dm во Capitol Mall, која се отвори во 2013 година по повеќе од десет години работа, на крајот на месец јули беше затворена заради реновирање. По повеќе од еден месец, повторно ќе може да пазарувате во оваа дрогерија, во најголемиот дрогериски ланец во Европа и да уживате во докажаниот германски квалитет по поволни цени.
Старо-новата реновирана дрогерија се простира на 392,24 m2 продажен простор и 90,42 m2 магацински простор и помошен простор. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.
Отворањето беше проследено со попуст од -15% на апсолутно сѐ, кој ќе трае до 8 септември, а добрата забава и хуманитарната активност не беа изоставени и овој пат.
Имено, како општествено-одговорна компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, и која помага во средината во која делува, по повод реотворањето на својата дрогерија во ТЦ Capitol Mall dm донираше 120.000 денари кон ООУ „Св. Кирил и Методиј“ с.Кучевиште, Скопје.