КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Се повлекуваат Aptamil PRONUTRA 1 800 г и Aptamil PRONUTRA 2 800 г

Со цел превентивна заштита на купувачите, dm известува за повлекување на производите AptamilPRONUTRA 1 800 г и AptamilPRONUTRA 2 800 г. 

Здравјето и благосостојбата на вашето бебе ни се најважни, и разбираме дека неодамнешните повлекувања на млеката за бебиња можат да бидат вознемирувачки и збунувачки.  

Сите производи за бебиња минуваат многу строги контролни безбедносни проверки пред да ја напуштат фабриката, согласно високите стандарди за безбедност и квалитет на Данон. 

Контролата на производите потврди дека истите се безбедни. Како превентивна мерка, властите на ЕУ ги унапредуваат своите препораки, вклучувајќи го и новото мислење на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) објавено на 2 февруари. Имајќи ја предвид оваа промена, превентивно се повлекуваат наведените серии на производи и дополнително се унапредуваат контролите на состојките, за да се обезбеди највисоко ниво на квалитет.  

Повлекувањето се однесува исклучиво на производите со следните серии и рокови на траење:  

  • Aptamil PRONUTRA 1 800 г: 

22.07.2026 серија 20260722 

04.09.2026 серија 20260904 

14.10.2026 серија 20261014 

26.11.2026 серија 20261126

  • Aptamil PRONUTRA 2 800 г: 

19.06.2026 серија 20260619 

20.07.2026 серија  20260720 

22.09.2026 серија 20260922 

27.10. 2026   серија   20261027  

30.11.2026  серија 20261130 

19.12. 2026 серија  20261219 

21.01.2027 серија 20270121 

Доколку сте купиле производ со наведените рокови на траење од продавниците на dm, ве молиме да го вратите производот во најблиската dm продавница каде ќе добиете поврат на средствата и без приложување на фискалната сметка. 

Безбедноста на купувачите и квалитетот на производите се приоритет на dm. Се извинуваме за непријатностите што можеле да настанат и благодариме на разбирањето, а за сите дополнителни прашања стоиме на располагање преку е-mail адресата info@dm.mk