КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Се повлекуваат Aptamil AR 2 400г и Nestle NAN OPTIPRO 1 0m+ 800г како мерка на претпазливост!

*овие производи не се достапни во понудата на dm во С. Македонија

Со цел превентивна заштита на купувачите, dm известува за повлекување на производите Aptamil AR 2 400г со идентификатор на серијата  2027.01.02 и Nestle NAN OPTIPRO 1 0m+ 800г со идентификатор на серијата 51180346AD и 51540346AB. Добавувачите ги повлекуваат овие производи од продажните објекти каде биле ставени во продажба. Производите кои се повлекуваат не се во продажба во dm продавниците.

Причина за повлекување на производите: За време на официјалните испитувања, кај Аптамил AR 2 400г со идентификатор на серијата  2027.01.02 е откриено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата, во нотификацијата наведено е маслото ARA.

Nestle NAN OPTIPRO 1 0m+ 800г со идентификатор на серијата  51180346AD и 51540346AB, се повлекува од пазарот поради присуство на Цереулида, супстанца произведена од микроорганизмот Bacillus cereus, која може да предизвика болести кои се пренесуваат преку храна. Симптомите на кои треба да се обрне внимание се сериозно или упорно повраќање, дијареа или невообичаена малаксаност, а тие обично се појавуваат помеѓу 30 минути и 6 часа по консумирањето.

Доколку споменатите производи се веќе консумирани и се појават соодветни симптоми, потребно е да се консултирате со лекар и да го вратите производот, отворен или неотворен, во најблиската продавница каде е купен.

Уште еднаш сакаме да истакнеме дека споменатите производи не се на продажба во нашите продавници во С. Македонија и за какви било дополнителни прашања сме достапни преку адресата info@dm.mk