КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

dm drogerie markt го повлекува производот „dmBio natur тофу 200 г“ поради превентивна заштита на потрошувачите

dm bio Tofu

Почитувани купувачи,

Заради заштита на купувачи, dm го повлекува производот dmBio natur тофу, 200 g со рок на траење од 05.07.2026 година и број на серија 97112 како превентивна мерка. Датумот на истекување и бројот на серијата се означени на долниот дел од предната страна на пакувањето, а повлекувањето се однесува исклучиво на производи со наведениот датум на истекување и број на серија

Причина за повлекување:  

dm го повлекува производот dmBio natur тофу, 200 g со рок на траење од 05.07.2026 година и број на серија 97112, бидејќи производите со наведениот датум на истекување и број на серија не биле доволно термички обработени за време на процесот на производство, поради што не може да се исклучи можноста за присуство на бактеријата Bacillus cereus. Консумирањето храна што ја содржи наведената бактерија може да предизвика дијареја и/или повраќање.  

Ги повикуваме сите купувачи кои го купиле производот со наведениот датум на истекување и сериски број да престанат да го користат и да го вратат производот, отворен или неотворен, во најблиската продавница на dm, каде што ќе добијат поврат на парите без да приложат фискална сметка.  

Безбедноста на нашите купувачи и квалитетот на производот се врвни приоритети на dm. Им се извинуваме на нашите потрошувачи и им благодариме за разбирањето, а за какви било дополнителни прашања, достапни сме преку е-поштата info@dm.mk.  

Вашиот dm