dm drogerie markt го повлекува производот „Balea Hyaluronic серум за раце75 мл“ поради превентивна заштита на потрошувачите

Повлекувањето се однесува исклучиво на производот со сериски број 58309, кој лесно може да се најде на дното од шишето. Серумот за раце Balea Hyaluronic 75 мл, како производ е достапен во нашите дрогерии, но повлекувањето се однесува исклучиво на серијата со број 58309, која не е испорачана и ја нема во продажба во нашата земја.
Причина за повлекување на производот: Не е можно да се исклучи можноста дека наведениот производ е микробиолошки контаминиран и содржи габа Candida parapsilosis. Ова е утврдено за време на внатрешните контроли. Ризикот од здравствени последици е низок, но можни се инфекции кај потрошувачите со ослабен имунолошки систем.
Доколку сте го купиле овој производ со наведениот број на серија во која било dm дрогерија во друга земја, ве молиме вратете го, отворен или неотворен, во најблиската dm дрогерија во Македонија. Безбедноста на нашите потрошувачи е наш приоритет и се извинуваме за настанатата непријатност.
Уште еднаш, би сакале да истакнеме дека производот со наведениот број на серија не е достапен за продажба во нашите dm дрогерии во Македонија, а за сите дополнителни прашања Ви стоиме на распоалагње на info@dm.mk.