HiPP го повлекува производот „HiPP морков со компир, од 5. месец, 190 г"
Производот не е достапен во dm во С.Македонија!
Со цел заштита на купувачите, сакаме да ве информираме за развојот на ситуацијата поврзана со производите на брендот HiPP и за понатамошните чекори кои dm како компанија ќе ги преземе:
Производителот на брендот HiPP го повлекува производот „HiPP морков со компир, од 5. месец, 190 г", исклучиво за производите купени во ланецот Spar во Австрија. dm во Северна Македонија го нема и никогаш не го имала овој производ во понудата.
Причината за повлекување не се недостатоци на производот, особено во однос на квалитетот што настанал при производството; според производителот, теглите ја напуштиле HiPP фабриката во исправна состојба. По информациите со кои располагаме, повлекувањето е поврзано со кривично дело кое во моментов го истражуваат надлежните власти, а се однесува на производи што биле достапни во ланецот Spar во Австрија, како и кај поединечни трговци во Чешка и Словачка. Конзумирањето на производот може да биде опасно по живот. Според доставените информации, во производот е внесен отров за глувци. Теглите, според информациите што ги имаме, се означени од сторителот со бели налепници кои имаат црвен круг или крст на себе. Овој производ не бил, ниту е достапен во dm продавниците во С. Македонија.
Властите во Австрија проверките и сомнежите ги ограничуваат исклучиво на производи кои се купени во Spar. Затоа другите трговци не добиле никакви препораки или упатства за понатамошно постапување. Сепак, како компанија, сакаме да направиме сé за да го исклучиме потенцијалниот ризик за нашите купувачи.
Ви упатуваме повик за претпазливост и да ги проверите HiPP производите во тегли самостојно пред употреба.
На следното треба да обрнете внимание:
Проверете дали на дното на теглата има бела налепница со црвен круг или крст.
Проверете дали теглата е отворана и дали е капачето е оштетено.
При отворање проверете дали се слуша специфичен звук на отворање на теглата при првото отворање.
Проверете го мирисот. Не користете производ со непријатен или расипан мирис.
Доколку забележите или посомневате на нешто од погоре наведеното, на нашите купувачи им гарантираме можност за враќање на производите купени во dm продавниците.
За повеќе информации, посетете ја официјалната страна на HiPP или контактирајте ја дистрибутерската служба на HiPP во С. Македонија на контакт телефонот +38976234757 или маил адресата olgica@hipp.com.mk