КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

dm drogerie markt како мерка на претпазливост го повлекува од продажба производот dmBio крцкави мусли со бобинки, 500 г!

dm

Скопје, 23.5.2025

Драги Купувачи,

dm дрогерие маркт, со цел заштита и превенција на своите купувачи, ги известува дека го повлекува од продажба производот dmBio крцкави мусли со бобинки, 500 г  со рок на траење 11.12.2025 од сите земји од концернот во кои истиот е достапен.

Во моментов во Македонија, производи за наведениот рок на траење не се наоѓаат во продажба. Како мерка на претпазливост ги повикуваме купувачите, доколку имаат купено производ dmBio крцкави мусли со бобинки, 500 г. да го проверат рокот на употреба, кој е лесно видлив на задната страна на пакувањето на производот. Во случај да поседуваат производ со некој од наведените кризни рокови, истиот да го вратат во најблиската dm дрогерија, каде ќе добијат замена на производ или поврат на средствата. Производот може да се вратат во која било состојба, отворени или неотворени, без приложување на фискална сметка.

Причина за повлекување: Не може да се исклучи дека во производот се пронајдени траги од лупини и затоа етикетата на алергени не е исправна. Доколку има потрошувачи кои се нетолерантни или имаат одредена алергија ги замолуваме да се воздржат од консумирање.

Им се извинуваме на сите наши купувачи за можните непријатности, а за сите дополнителни прашања стоиме на располагање преку нашата официјална Е-маил адреса за контакт: Info@dm.mk.