dm drogerie markt како мерка на претпазливост го повлекува од продажба производот babylove вода за бебиња 1 л!

Засегнати рокови: 27.8.2025 до 30.11.2025
Скопје, 9.10.2024. dm-drogerie markt како мерка на претпазливост го повлекува од продажба производот babylove вода за бебиња 1л. Повлечени од продажба се исклучиво производите со рокови на употреба од 27.8.2025 до 30.11.2025.
Ги информираме нашите купувачите дека овој производ никогаш не бил достапен на македонскиот пазар и никогаш не бил дел од асортиманот на dm во нашата земја.
Причина за повлекувањето е неможноста да се исклучи микробиолошка неисправност во некои од пакувањата.
Ги замолуваме сите наши купувачи, доколку го поседуваат овој производ со некој од горенаведените рокови, да не го користат и да го вратат во најблиската dm дрогерија, каде ќе им биде извршен поврат на средства, и без приложување на фискална сметка.
Квалитетот на нашите производи и безбедноста на нашите купувачи имаат највисок приоритет за нашата компанија! Жалиме за настанатата ситуација и однапред ви се извинуваме за можните непријатности!
Во случај на дополнителни прашања, ве молиме да нѐ контактирате преку нашата Поддршка за купувачи на: info@dm.mk
Вашиот dm
Информации за купувачи и медиуми:
dm-Централа
Тел.: +389 2 3222 733
E-Маил: info@dm.mk
Работно време: понеделник до петок 9-17 часот