КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Пошумуваме заедно за позелено утре!

dm

Со огромна радост ви најавуваме дека dm дрогерие маркт ја продолжува својата заложба за одржлива и зелена иднина. По успехот на минатогодишните акции, каде беа засадени над 100.000 дрвја, со гордост ве повикуваме да ги здружиме силите повторно оваа година, 4-та по ред, во најголемата dm акција за пошумување досега! 

Оваа година имаме за цел да посадиме 50.000 нови садници! 

Со поддршка на нашите институционални партнери, ЈП Национални шуми и МЕД,  кои ќе дадат придонес со своето стручно знаење, планираме уште една успешна реализација на овој проект. 

Би сакале да ве известиме дека временските услови, за жал, не се погодни за спроведување на акцијата за масовно пошумување на 23 ноември, како што беше првично планирано, со задржување на квалитетот и безбедноста кои се потребни за реализацијата на оваа активност.  

Од тие причини новиот датум за спроведување на оваа акција ќе биде поместен за 30 ноември 2025 година.

Кога и каде?

Важни информации за учесниците: 

  • Превоз: За сите пријавени учесници ќе биде организиран автобуски превоз. (Повеќе детали за времето и местото на поаѓање ќе бидат споделени со пријавените учесници преку е-mail неколку дена пред пошумувањето). 

  • Опрема: Обезбедени се садници, алат за садење и заштитни ракавици и кабаници за сите волонтери. 

  • Препораки: Понесете соодветна топла облека и удобни обувки (планинарски чевли или патики) прилагодени на временските услови.  

  • Оброк и пијалак: На денот на садењето, dm обезбедува бесплатен оброк и освежување за сите волонтери.