Отвораме за вас: Нова dm дрогерија во „K Mall“ во Скопје
На 16 јануари во 10 часот ги отвораме вратите на нашата нова дрогерија во „K Mall“ во Скопје на ул. „Ѓорче Петров“ бр.22!

Од овој четврток, ќе имате можност во уште една дрогерија да уживате во повеќе од 14.000 производи за сѐ што ви треба, од кои повеќе од 3.000 се од нашите сопствени трговски марки кои имаат германски квалитет во поволни цени!
Покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, по повод отворањето, во период од 4 дена - од 16 до 19 јануари ќе можете да уживате и во попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ!
Дополнително, САМО на 16 јануари, денот на отворањето, ве очекуваат и следните големи изненадувања:
Подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 500 денари
Подарок dm торба за пазарување, со секоја сметка над 700 денари
Подарок чадор, со секоја сметка над 1.999 денари
Покрај сите изненадувања, на денот на отворањето ќе бидете пречекани и во супер весела атмосфера со DJ, а за најмалите ќе има и посебна забава!
Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели.
Зачувајте го датумот, направете список за пазарување и посетете ја новата dm дрогерија на 16 јануари!