Отвораме за вас нова dm дрогерија во Diamond Mall!
На 19 септември во 10 часот ги отвораме вратите на нашата нова дрогерија во „Diamond Mall“ во Скопје!
Од овој четврток ќе имате можност, во уште една дрогерија, да уживате во повеќе од 14.500 производи за сѐ што ви треба, од кои повеќе од 3.000 се од нашите сопствени трговски марки кои имаат германски квалитет во поволни цени!
Покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, по повод отворањето, во период од 4 дена - од 19 до 22 септември ќе можете да уживате и во попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ!
Дополнително, САМО на денот на отворањето -19 септември, ве очекуваат и следните големи изненадувања:
Подарок dm торба за пазарување со секоја сметка над 500 денари
Подарок Denkmit влажни марамчиња за чистење 2во1, со секоја сметка над 700 денари
Подарок пешкир за на плажа, со секоја сметка над 1.999 денари
Општествената одговорност е неизоставен дел од нашето работење, па така и на ова отворање dm ќе реализира донација во хуманитарни цели и тоа кон Општинското основно училиште „Његош“ во с. Јурумлери, Скопје во износ од 120.000 денари.
Зачувајте го датумот, направете список за пазарување и посетете ја новата dm дрогерија во Diamond Mall на 19 септември!