КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Со попусти, подароци и донација, dm ја отвори новата продавница во Струга

Со попуст од 15 отсто на апсолутно сѐ, подароци и забавна атмосфера, dm drogerie markt вчера (23 април) ја отвори својата нова продавница во Nabizi Retail Park, на улица Попово Блато бр. 1 во Струга.  

На денот на отворањето, купувачите беа пречекани во весела атмосфера со диџеј и забава за децата, а dm и овој пат својот нов деловен успех го одбележа на општествено одговорен начин. Дел од остварениот промет на денот на отворањето беше дониран на детската градинка „8-ми Март“ во Струга, во износ од 138.000 денари. 

Сите купувачи на денот на отворањето можеа да уживаат и во дополнителни изненадувања. Со секоја сметка над 499 денари следуваше подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 699 денари подарок торба, додека со сметка над 1.999 денари следуваше подарок пешкир. Подароците беа достапни само на 23 април, до истек на залихите. 

Освен наведените поволности, купувачите во оваа dm продавница ќе можат да пазаруваат со попуст од 15 отсто на апсолутно сѐ, до 26 април. 

Покрај промената на локацијата, dm продавницата претрпе и други значајни промени. Со реновирањето, проширен е продажниот простор -  новата продавница на dm е со вкупна површина од 558.00m2, од кои 451.35m2 продажен простор, а магацински простор и помошен простор 100.69m2, дополнително инвестирано е и во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија. Новитет е и практичниот beauty остров, на кој купувачите ќе можат брзо и лесно да ги пронајдат своите омилени производи за нега и убавина, а за родителите да имаат уште поубаво искуство при пазарувањето dm се погрижи со додавање на детското катче каде децата ќе може да се забавуваат, а особено практичен е и сталакот за повивање каде родителите ќе можат многу едноставно да го пресоблечат своето бебе.   

Во новата продавница, купувачите можат да најдат речиси 13.500 производи од богатата понуда на dm, во која има сѐ на едно место - производи за нега и убавина, нега за мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како и производи за хигиена во домот и нега на алишта. Внимателно креираната и разновидна понуда овозможува практично пазарување, додека повеќе од 3.000 производи се дел од сопствените трговски марки на dm, препознатливи по проверен квалитет и секогаш поволни цени. Меѓу нив се Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и многу други брендови што се важен дел од препознатливата dm понуда. 

Од dm велат дека се особено среќни што со секоја нова локација се сѐ поблиску до своите купувачи. Со богатата понуда и препознатливиот концепт на практично пазарување, dm продолжува да одговара на секојдневните желби и потреби на потрошувачите, проширувајќи го своето присуство на македонскиот пазар.